Немаат постојан дом, одморите им се деловни патувања: Тајни на блогерките кои никогаш не би ги откриле

Можеби на личните блогови и на профилите на социјалните мрежи изгледаат како да имаат совршен живот, но некои од блогерките кријат големи тајни.

tajni-na-blogerkite-koi-nikogash-ne-bi-gi-otkrile-01.jpg

Затоа, кога следен пат ќе помислите дека би сакале да сте на нивното место, потсетете се на следниве тајни кои ги кријат познатите блогерки и инфлуенсерки.

Некои од нив немаат дом

Алиса Рамос која стои зад профилите @mylifesatravelmovie и @alyssaramostravels открила дека нема постојан дом. Таа води профили за патување и цело време е некаде. Ако сака да се смири на подолг период, изнајмува дом преку Airbnb.

Ги уредуваат фотографиите до обезличување

Некои од инфлуенсерките на Инстаграм ја уредуваат со филтри и ефекти фотографијата дури и по 30 минути. Тие ги користат и филтрите што ги има самиот Инстаграм, но и дополнителни апликации како што се VSCO или Snapseed.

Така, многу е веројатно дека она што ќе го видите на Инстаграм има многу поразлична форма и боја во реалноста.

Заработуваат големи суми пари

Многу од овие инфлуенсери и блогери помагаат на брендовите да го пласираат својот производ и да ја всадат идејата за себе кај потрошувачите.

Некои имаат месечни договори со компаниите, а некои наплаќаат од една објава.

tajni-na-blogerkite-koi-nikogash-ne-bi-gi-otkrile-02.jpg

Нивните одмори се всушност деловни патувања

Дури и кога патуваат, тие мора да одговараат на пораки на заинтересирани клиенти и да се посветат на тоа што подобро да го реализираат барањето.

Ако излезат на пијачка или на вечера, мора да го испланираат секој детаљ, за да добијат објава која ќе го привлече вниманието на потенцијалните потрошувачи. Најчесто, тешко одржуваат баланс меѓу приватниот и професионалниот животот.

За совршени фотки мора да се разбудат рано

Наутро морето е најчисто, изгрејсонцето супер видливо, а околу знаменитостите нема туристи. Така создаваат фотографии со своите мобилни телефони на кои може да завидат дури и најпрофесионалните фотографи.

Некои дури ги користат и часовите околу зајдисонцето, бидејќи тогаш осветлувањето е најмеко и дозволува поголема манипулација со ефектите.

tajni-na-blogerkite-koi-nikogash-ne-bi-gi-otkrile-03.jpg

Со себе носат и реквизити за фотографирање

За да може да создадат совршена фотографија, тие со себе земаат некои ситници, како што се чанта, крпа, очила за сонце, списание, па дури и по некоја свеќа. Сето тоа ја надополнува и разубавува фотографијата, истакнува некои делови или прикрива недостатоци.

Им недостигаат семејствата и пријателите

Со оглед на тоа што инфлуенсерството веќе е работа со полно (па и прекувремено) работно време, овие личности се ангажирани да се појавуваат на најразлични настани или постојано се поканети некаде.

Поради ова, некои од нив поминуваат малку време со семејството и реалните пријатели, а сè повеќе со оние кои се занимаваат со иста или слична работа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg