10 трикови кои ќе ви го направат полесен животот и одморот во лето

Ладни пијалаци за неколку минути

Ако сакате брзо да ги изладите пијалаците, наполнете кофа со мраз, додадете 2 лажици сол и уживајте!

Солта ќе предизвика хемиска реакција која ќе го разлади пијалакот за кратко време.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-07.jpg

Ослободете се од свиткувањата на облеката без да се „варите“ со пегла

Ретко кој ужива во пеглањето за време на топлите денови, но тоа не ве ослободува од обврската да ја измазните облеката дури и кога имате машина за сушење.

Во машината додадете неколку коцки мраз, а пареата ќе си го заврши своето.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-08.jpg

Отстранете го песокот без мачење

За чантата на плажа и сите работи кои се во неа да не се полнат и лепат со песок (што е неизбежно), носете модерна чанта од материјал како мрежа. Така полесно ќе може да ја истресете од песок.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-09.jpg

Заменете го ножот со дебел конец

Ако на плажа си носите зеленчук, овошје или некој десерт кој сакате да го пресечете, а не сакате или сте заборавиле да понесете нож, носете си во чантата парче дебел конец, кој ќе ви послужи за сечење помеки работи.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-10.jpg

Подобрете го спиењето со ладна постелнина

Чаршафите и навлаката за перницата чувајте ги здиплени во кеса и во замрзнувач.

Пред спиење извадете ги и постелете ги, а ќе бидете изненадени од пријатниот сон на ладна постелнина.

trikovi-koi-kje-vi-go-napravat-polesen-zhivotot-vo-leto-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...

Најчитани неделава