Од девојката што мрази теретана: Искрено писмо до згодната девојка што ми го украде момчето

„Не се сложував. Му велев дека најдоброто за нас допрва треба да дојде. Плачев на предното седиште од неговиот автомобил, но тој веќе те имал запознаено тебе...“

od-devojkata-shto-mrazi-teretana-iskreno-pismo-do-zgodnata-devojka-shto-mi-go-ukrade-momcheto-01.png

На интернет вирално кружи писмо од девојка која партнерот ја оставил поради друга поатрактивна девојка.

Писмото, кое предизвика низа коментари, гласи вака:

Драга божице на Инстаграм,

„Вистина е ме остави поради тебе и ми го скрши срцето.
Но, вистина е и дека ти повеќе му прилегаш отколку јас.

Тој беше зависник од теретана, а јас од чоколадо. Тој ми се лутеше дека не сум доволнo одлучна околу режимот на исхрана и живот и ми се смееше кога не ме собираа фармерките.
Обожавав да јадам и кога ќе ме предупредеше му кажував дека ова ми е токму тој ден кога смеам да „мамам“ со грицки и благо.
Тој имаше строга неделна рутина, јас сакав спонтаност. Јас му се смеев како работите околу изгледот ги сфаќа толку сериозно.

Мене не ми пречеа разликите, но него му пречеа.
Јас не го сакав затоа што е висок и мускулест. Воопшто не ми беше грижа за неговите мускули. Му ја сакав топлината, смислата за хумор и заразниот ентузијазам.

Се смеевме колку сме различни. Тој ми велеше дека ќе се бори да успееме, но еден ден ми кажа дека не сака да се обидуваме повеќе и ми раскина.
Не се сложував. Му велев дека најдоброто за нас допрва треба да дојде. Плачев на предното седиште од неговиот автомобил.
Знаеше дека мразам клише фрази и сепак ми го кажа најголемото клише: „Не е до тебе, до мене е.“

Потоа сфатив дека не сака да биде со мене. Се помирив.

Тој ќе продолжи со својот строг режим на исхрана, а јас повторно нема да внимавам што јадам.
Сфатив дека ме остави поради тебе. Ти си апсолутно прекрасна. Имаш совршен тен, сјајна коса и убиствени стомачни мускули.
Ти си 10-ка, јас сум едвај седумка. Тој отсекогаш лајкуваше фотографии на атрактивни девојки како тебе.

Но, едно нешто ме замисли. Кога се разделувавме со него ми кажа: „Ќе видиш каков ќе бидам наредната година, уште помускулест.“ Во тој миг јас не размислував како ќе изгледам наредната година, ниту како изгледам во моментот. Мислев само колку многу го сакам. Колку многу сакам да ги поправам работите. Колку многу сакам да работам на врската.

Се гушев во солзи. Бев збунета, повредена и полна со каење за своите грешки во времето минато заедно. Дури си го поставив прашањето: „Дали ако одев во теретана ќе останевме заедно?“ Мислев „Дали ако ставав повеќе шминка ќе ме сакаше повеќе?“...
Генерално, како и сите жени се обвинував себеси.
Тој сè уште останува една од омилените личности што сум ги запознала во животот. Испадна површен. Сфатив, навистина не беше вистинскиот за мене.

Од срце ви посакувам сè најдобро.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава