7 карактеристики во кои се крие магијата на посакуваните жени

Иако посакуваноста не е поим со едноставна дефиниција, понекогаш сите имаме потреба да бидеме уште попосакувани од тоа што сме.

7-karakteristiki-na-posakuvanite-zheni-01.jpg

Посакуваноста доаѓа од партнерот, но и од тоа колку се цени вашата работа и од сè останато што придонесувате за своите блиски.

Посакуваните жени имаат голем број позитивни карактеристики и квалитети и никогаш не може да се издвои точен список што сè поседуваат тие. Исто така, тоа зависи и од индивидуалноста на секоја од нив.

Но, она што е заедничко за сите нив се следниве седум квалитети:

Тие не ги бркаат луѓето

Нив им е сосема јасно дека одењето по луѓе кои не се заинтересирани за нив е само губење време. Тие се презафатени со создавање подобар живот за себе и токму тоа ги прави привлечни и посакувани - безгрижноста и самоуверениот став.

7-karakteristiki-na-posakuvanite-zheni-04.jpeg

Имаат контрола врз своите емоции

Тие не плачат за секоја пропадната врска и за секој неуспех во животот. Наместо тоа, успеваат да ги исконтролираат своите емоции бидејќи едноставно, немаат време да „негуваат“ тага и гнев кои не им носат никаков напредок.

Избегнуваат озборување

Неа никогаш нема да ја видите како озборува, затоа што знае дека тоа им наштетува на сите. Трачевите се карактеристики на незрелите тинејџерки, а не на зрелите и изградени личности.

7-karakteristiki-na-posakuvanite-zheni-03.jpg

Не бараат внимание

Оваа жена не поставува илјадници нови фотографии на Фејсбук и се однесува дискретно кога започнува нова врска. Смета дека секое привлекување внимание е тривијално и дека поважни се реалните достигнувања на професионален план, наместо изложувањето на приватниот живот пред сите.

Имаат хобија

Секогаш се посветени на учење нови нешта, па затоа и посветуваат дел од слободното време на своите хобија. Преку тоа, го елиминираат секојдневниот стрес и никогаш не се истураат врз блиските кога се нервозни.

7-karakteristiki-na-posakuvanite-zheni-02.jpg

Остануваат свои и кога се највљубени

Без разлика дали е врска или брак, тие своето „јас“ не го заменуваат со „ние“ и не се „залепени“ за својот партнер. И покрај врската, не го губат својот личен идентитет и продолжуваат во остварувањето на своите цели.

Знаат да комуницираат

Нивните мисли се јасни и целосни, зборовите се избрани, а кога разговараат, го гледаат соговорникот во очи и лесно го освојуваат. Комуникацијата се заснова на логичност, без претерување, а се и добри слушатели кои не „попуваат“ додека соговорникот не побара совет од нив.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава