7 типови на „пријатели“ од кои треба веднаш да се дистанцирате

Од време навреме, добро е да направите една мини анализа на сопствениот живот и на луѓето со кои сте опкружени.

7-tipovi-na-prijateli-od-koi-treba-vednash-da-se-distancirate-01.jpg

Погледнете добро околу себе – кои се луѓето со кои сте опкружени? Пријатели, семејство, колеги, соседи?

Дали тие ве прават посреќни и внесуваат оптимизам во вашиот живот или пак ви ја црпат целосно енергијата и си одите од средбата изморени наместо позитивни?

Колку и да звучи лошо, не секогаш луѓето ви остануваат вистински пријатели засекогаш и не сите ви се потребни засекогаш.

Затоа, кога ќе забележите дека веќе подолг период некој не ви влијае како што треба, значи дека е време да се оддалечите.

Доколку не знаете да процените, во продолжение погледнете неколку типови на пријатели од кои треба да се дистанцирате:

1. Оние кои ви кажуваат што да правите и ви се мешаат во секој животен избор

2. Оние кои се постојано песимистични и ви го пренесуваат тоа на вас, па почнувате да ја гледате само темната страна.

3. Оние кои постојано ве лажат и постојано влегуваат од лага во лага, па веќе не знаете на што да им верувате.

4. Оние кои ве осудуваат за секоја ваша одлука и ви поставуваат некои непостоечки стандарди и не може да ве прифатат какви што сте.

5. Оние кои не ве почитуваат, можеби го прават тоа индиректно, но сепак го чувствувате и ве боли кога не ве слушаат за ништо, не им значи вашето мислење и ве озборуваат зад грб.

6. Оние кои се дружат со вас само за да ве искористат за она што сте им потребни, иако можеби изгледаат како да ве сакаат вистински и да ви се најблиски, а во првиот момент кога вам ќе ви затребаат ги нема.

7. Оние кои ве критикуваат и прават да се чувствувате лошо, тоа се оние „пријатели“ кои не се среќни за вашите успеси и ги омаловажуваат вашите достигнувања, а наместо да ви се радуваат, тие сакаат да го свртат вниманието кон себе и нивните достигнувања.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
40 чудни (и забавни) прашања кои може да им ги поставите на пријателите кога ви е здодевно Кое необично животно би го земал за милениче и зошто? Би живеел во свет без зима...
14 луѓе чии домови се похаотични од вашиот, ако ви е за утеха (фото) „Понекогаш водоводџијата и електричарот треба да се слушнат на телефон и да се д...
„Цела недела пиев по 3 литри вода дневно – позитивните промени беа поголеми отколку што очекував“ „Најголема промена видов во кожата – лицето веќе ене ми беше суво, туку хидриран...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...

Најчитани неделава