Пари, златни часовници и дијамантски прстени - 7 работи кои принцовите Хари и Вилијам ги наследија од мајка си Дијана

Во 1993 година, 4 години пред нејзината трагична смрт, принцезата Дијана го потпишала својот последен тестамент.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana-01.jpg

Сосема нормално, најголем процент од своето наследство таа им го оставила на своите деца, но реализацијата на тестаментот се покажала многу посложена од што многумина мислеле.

Што точно наследија принцот Хари и принцот Вилијам од својата мајка, непрежалената принцеза на срцата?

Дел од нејзините финансии

Во август 1997 година, непосредно пред нејзината смрт, принцезата Дијана поседувала богатство од 21 милиони фунти, или сума која соодветствува на 31.5 милиони долари.

Оваа сума ги вклучувала сите нејзини приходи, акции, скапи материјални предмети како накит и облека и 17 милиони фунти кои ги добила по разводот со принцот Чарлс.

Како главни наследници очекувано биле посочени нејзините синови, иако дел наследил и нејзиниот долгогодишен батлер, Пол Бурел, како и многуте дечиња на кои Дијана им била кума.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (3).jpg

Дискрециски фонд

Во нејзиниот тестамент, принцезата вклучила и т.н. „дискрециски фонд“ кој ќе им послужи на нејзините два сина и нивните семејства. Илјадници фунти се слеале токму во тој фонд, чија вредност пораснала со текот на времето поради каматата.

Сега, откако двајцата принцови се оженети, нивните сопруги Кејт и Меган, исто така имаат пристап до овој фонд.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (1).jpg

Накит и многу други вредни предмети

Еден ден откако го потпишала својот последен тестамент, Лејди Ди составила и дополнителен документ наречен „Листа на желби“, што посочувало кој ќе го наследи нејзиниот накит и другите вредни предмети.

75% од нејзините лични вредни предмети им биле поделени на Вилијам и Хари, на два еднакви дела. Принцезата Дијана дури експлицитно посочила дека се надева дека еден ден нивните сопруги ќе го носат нејзиниот накит.

Останатите 25% од предметите и накитот им припаднале на нејзините кумашини.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (5).jpg

Резиденцијален имот

Сосема очекувано, и овој дел од наследството им припаѓа на Вилијам и Хари, но желбата на принцезата Дијана била истиот да не им биде достапен на двајцата додека не наполнат 25 години.

Нејзината мајка и сестра биле посочени како управители со овој дел од наследството пред синовите да го прослават назначениот роденден.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (6).jpg

Нејзината венчаница

Венчаницата во која се омажи принцезата Дијана, дело на модната куќа „Емануел“ исто така била дел од тестаментот. Таа останува запаметена како венчаницата со најдолга „опашка“ во кралската свадбена историја со неверојатни 7.6 m должина.

Сепак, поминал доста долг временски период пред синовите да ја наследат венчаницата од мајка си. Пред да наполнат 30 години и таа да прејде во нивно наследство, припаѓала во колекцијата на нејзиниот брат, Ерл Спенсер.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (7).jpg

Картие часовник

По нејзината смрт, на секој од синовите му било дозволено да избере еден предмет како спомен од најсаканата колекција на вредни предмети на Дијана во Кенсингтонската Палата.

Принцот Вилијам одбрал златен Картие часовник, што Дијана го имала наследено од нејзиниот татко. По разводот, таа често пари била фотографирана како го носи токму овој часовник, па Вилијам знаел дека неговата мајка ќе се гордее со изборот кој го направил.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (4).jpg

Вереничкиот прстен

Дијана го добила блескавиот дијамантски прстен со 12-каратен сафир по повод нејзината свршувачка со принцот Чарлс во 1981 година.

Браќата склучиле договор – оној кој ќе реши прв да се ожени, ќе го добие свршеничкиот прстен од мајка им. Како што е добро познато, принцот Вилијам се ожени прв, а прстенот го наследи Кејт Мидлтон.

Сепак, и Меган не остана со празни раце. Нејзиниот веренички прстен го дизајнирал принцот Хари, а двата вградени дијаманти во него исто така потекнуваат од приватната колекција на принцезата Дијана.

7-raboti-koi-princovite-Hari-i-Vilijam-gi-nasledija-od-majka-si-Dijana (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Смрт на сакана личност и уште 11 траорни искуства (кои луѓето може да ги разберат само ако минале ни... Болката да се биде во врска со некој кој те злоупотребува психички и физички и к...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg