7 работи со кои правите келнерите да ве „замразат“ веднаш

Гостите ретко имаат разбирање за келнерите во угостителските објекти и мислат дека тие треба да им бидат лични слуги.

7-raboti-so-koi-pravite-kelnerite-da-ve-zamrazat-vednash-01.jpg

Иако можеби на многумина не им изгледа така, сепак оваа работа е тешка, бара многу внимание, трпеливост и напор.

Па токму затоа, на келнерите не им е сеедно кога гостите со нив се однесуваат лошо, несоодветно, не ги почитуваат или се изживуваат.

Со неколку постапки, веднаш може да им создадете одбивност и да ве „замразат“ уште од првата нарачка, a зошто некој да има лош впечаток за вас?

Погледнете со кои работи правите келнерите да не ве сакаат, иако можеби не сте свесни:

1. Не сакате да го ислушате келнерот кога ви ги објаснува специјалитетите на куќата или промоциите.

7-raboti-so-koi-pravite-kelnerite-da-ve-zamrazat-vednash-02.jpg

2. Правите нови нарачки кај различни келнери, наместо да го барате само оној кој првиот пат ве услужил.

3. Оставате премал и нелогичен бакшиш кој е подобро да не го оставите бидејќи го сметаат за омаловажување (треба да биде барем 10-15% од вкупната сума на сметката).

4. Правите премногу промени во нарачката, неодлучни сте и на крај уште незадоволни ако нешто се погреши (што е логично при толку промени).

7-raboti-so-koi-pravite-kelnerite-da-ve-zamrazat-vednash-03.jpg

5. Не ги читате описите на оброците во менито и потоа се жалите за одредена состојка или ја вадите на страна, па мора да се фрли (а всушност е напишана, но вие ги гледате само големите букви).

6. Сакате да добиете сè одеднаш, а имате нарачано салати, предјадење, главно јадење и пијалаци, но логично е дека ќе ви ги носат дел по дел, за да бидат направени тазе, а не изладени.

7-raboti-so-koi-pravite-kelnerite-da-ve-zamrazat-vednash-04.jpg

7. Се задржувате предолго откако сте завршиле со јадењето, па дури и откако сте платиле, а не разбирате дека можеби некој чека да ја ослободите масата за да седне.

7-raboti-so-koi-pravite-kelnerite-da-ve-zamrazat-vednash-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава