Детски прашања чиишто одговори не ги знаат ниту возрасните

Уште од детството нè мачат безброј прашања. Одговорите на некои од нив сме ги дознале со текот на времето, но некои прашања сè уште нè оставаат во прашалници.

Detski-prasanja-ciisto-odgovori-ne-gi-znaat-nitu-vozrasnite-01.jpg

Откријте ги одговорите на дел од нив и бидете подготвени следниот пат кога вашите деца ќе ве запрашаат нешто интересно, како на пример:

Зошто инсектите летаат кон светлото?

Летот на инсектите кон нивната смрт, пржењето на светилката, сè уште не е 100% разјаснет. 

На инсектите им е потребна светлината како патоказ, односно без неа не можат да ги распознаат предметите во просторот, па затоа и не летаат во темница. Така, штом ќе здогледаат светлина, тие веднаш почнуваат да летаат кон неа.

Detski-prasanja-ciisto-odgovori-ne-gi-znaat-nitu-vozrasnite (3).jpg

Зошто годината има 365 дена?

Всушност годината има приближно 365,256 денови. За да ја добиеме оваа бројка, треба да се подели времето кое ѝ е потребно на земјата да направи една ротација околу сонцето со времето кое ѝ е потребно на земјата да направи една ротација околу својата оска.

Патем, научниците веруваат дека календарската година со текот на времето се скратува. Студиите на фосилни корали ги наведува да веруваат дека пред 380 милиони години, годината имала 400 денови.

Detski-prasanja-ciisto-odgovori-ne-gi-znaat-nitu-vozrasnite (7).jpg

Зошто косата не може да биде природно зелена или сина?

Бојата на косата зависи од соодносот на две бои базирани на природните пигменти меланин - еумеланин (црна или кафеава) и феномеланин (жолта или црвена). Бојата на косата зависи од нивниот сооднос. Сината и зелената не може да се добијат од оваа мешавина на бои.

Detski-prasanja-ciisto-odgovori-ne-gi-znaat-nitu-vozrasnite (2).jpg

Зошто никогаш не гледаме мали гулаби?

Гулабите поминуваат многу време во гнездата и ги напуштаат дури кога се целосно пораснати. Затоа кога ги гледаме не можеме да ги разликуваме од другите возрасни гулаби и мислиме дека сите се иста старост.

Detski-prasanja-ciisto-odgovori-ne-gi-znaat-nitu-vozrasnite (4).jpg

Зошто дрвјата не мрзнат во зима?

Дрвјата го избегнуваат мрзнењето бидејќи во нивното ткиво и кора акумулираат шеќер, а шеќерот го штити дрвото од загубата на вода, а со тоа и од распаѓање на протеините. 

Клетките на дрвјата коишто немаат доволно шеќери во себе ќе замрзнат и ќе кристализираат, протеините ќе почнат да се распаѓаат и дрвото ќе се исуши.

Detski-prasanja-ciisto-odgovori-ne-gi-znaat-nitu-vozrasnite (5).jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава