Најчудните последни желби на славните - останки замотани во џоинт, забава наместо тажно бдеење

Александар Меквин

Генијалниот дизајнер го оставил најголемиот дел од своето богатство во добротворни цели, одделувајќи дополнителни 75.000 долари за своите кучиња.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (4).jpg

Фред Баур

Основачот на компанијата за чипс „Pringles“ одбил да биде закопан во ковчег. Наместо тоа, неговата последна желба била да го кремираат, а остатоците да ги стават во кутија од познатиот чипс.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (5).jpg

Тупак Шакур

Последната желба раперот ја вметнал во неговата песна „Black Jesus“. Имено, легендарниот рапер посакал неговите пријатели да ги испушат останките на Тупак, односно правта од телото по кремирањето во џоинт. Неколкумина од неговите најдобри пријатели ја испочитувале желбата.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (6).jpg

Џереми Бентам

Сигурно не сте слушнале за овој британски адвокат, но неговиот тестамент е еден од најчудните.

Тој побарал неговото тело да биде зачувано, наполнето со сено и поставено за изложба на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Верувале или не, телото е сè уште изложено на Универзитетот.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (7).jpg

Бенџамин Френклин

Во својот тестамент, Френклин побарал од неговата ќерка Сара да не се впушта во „скапата, суетна и беспотребна навика на носење накит“. Причината зошто побарал таа да не носи накит е фактот што ѝ оставил портрет во наследство, чија рамка содржела 408 дијаманти и не сакал таа да ги извади.

Доволно е да додадеме дека неговата желба не била испочитувана.

Najcudnite-posledni-zelbi-na-slavnite (8).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...

Најчитани неделава