Ќе погодите ли - кои се најголемите културолошки шовинисти во Европа и сметаат дека нивната култура е супериорна?

Без премногу заобиколување, најновото истражување вели дека тоа се Грците. Во меѓувреме пак, Шпанците се најмалку засегнати од тоа дали нивната култура е супериорна во однос на другите.

Koi-se-najgolemite-kulturni-shovinisti-vo-Evropa-01.jpg

Студијата на Pew Research Center покажува голема варијација во шовинизмот низ цела Европа. Осум од најголемите шовинистички земји се на истокот од Европа, а меѓу нив е и Русија.

Британците почесто од Французите (а малку поретко од Германците) ќе кажат дека нивната култура е супериорна во однос на другите.

На прашањето „Дали мислите дека вашата култура е супериорна во однос на оние коишто живеат на друго место?“, низ Европа луѓето одговарале со зачудувачки мешан процент на позитивни и негативни одговори.

Кои се центрите на културолошкиот шовинизам?

Во осум од 33 земји коишто биле цел на ова истражување, барем две третини од запрашаните кажале дека сметаат дека нивната култура е супериорна во однос на другите нации. Сите осум од нив се во Источна Европа.

  • Грција (89%)
  • Грузија (85%)
  • Ерменија (84%)
  • Русија (69%)
  • Бугарија (69%)
  • Босна (68%)
  • Романија (66%)
  • Србија (65%)

Културолошкиот шовинизам е речиси изедначено силно прикажан во серија балкански земји (Босна, Србија, Бугарија, Романија).

Нивните блиски соседи од Грузија и Ерменија дури успеваат да ги надминат и овие бројки со дури 80% од испитаниците кои се културни шовинисти, но никој не е ниту блиску до Грците, осум од десет грци мислат дека нивната култура е супериорна.

Од друга страна пак, богатата со нафта, Норвешка, е прва на листата на земјите од Западна Европа.

Сепак чувството на супериорност не е поврзано со економијата на земјата, бидејќи најбогатата и најсиромашната земја во Европа прикажуваат исти резултати. Во Швајцарија и Молдавија точно половина од испитаниците се сложиле дека нивната култура е супериорна во однос на останатите.

  • Норвешка (58%)
  • Чешка (55%)
  • Полска (55%)
  • Швајцарија (50%)
  • Молдавија (50%)

Мнозинството од испитаните земји, 13 од 33, имале резултат околу 40%, а најдолу во листата се повеќе западни (8) од источни (5) земји.

  • Финска (49%)
  • Италија (47%)
  • Австрија (47%)
  • Португалија (47%)
  • Велика Британија (46%)
  • Унгарија (46%)
  • Германија (45%)
  • Данска (44%)
  • Словачка (44%)
  • Хрватска (44%)
  • Ирска (42%)
  • Белорусија (42%)
  • Украина (41%)

За разлика од претходно, кога станува збор за долниот дел од графата, можеме да забележиме значителна конзистентност во географската поставеност на земјите со најмалку културолошки шовинизам. Три од нив се балтички земји, коишто се значително послаби од нивните шовинистички соседи.

Уште еден таков регион со ниско ниво на шовинизам е регионот од Холандија, преку Белгија и Франција, до Шпанија.

  • Латвија (38%)
  • Литванија (37%)
  • Франција (36%)
  • Холандија (31%)
  • Шведска (26%)
  • Белгија (23%)
  • Естонија (23%)
  • Шпанија (20%)

Интересно е што соседни земји имаат големи разлики помеѓу нив. На пример, Шпанија е за половина помалку шовинистичка од Португалија, а разликата помеѓу Шведска и Норвешка е уште поголема.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава