Секогаш пијте го најдоброто вино, не чувајте ништо за специјални пригоди - 10 лекции на кои може да ве научи само животот

Животот е она што ти се случува додека си зафатен правејќи други планови, ќе каже Џон Ленон и целосно се согласуваме со него. Сепак, животот не треба да се сфаќа премногу сериозно, никој не излегол жив од него, зарем не?

10-lekcii-na-koi-moze-da-ve-nauci-samo-zivotot-01.jpg

Постојат лекции на кои може да ве научи само животот и искуството кое го носи истиот. Прочитајте ги и добро размислете:

 1. Најголемиот дел од животот го трошите бркајќи лажни идеали или обожувајќи недостојни луѓе. Денот кога ќе го сфатите ова е истиот кога ќе започнете вистински да живеете.

 2. Навистина не можете да им удоволите на сите луѓе околу вас, секогаш. Удоволите си прво себеси, а ставете ги најблиските на второ место. Сите останати секако се зафатени со исполнувањето на сопствените потреби и желби.

 3. Да се борите против процесот на природното стареење е како да се обидувате да го зграпчите ветрот. Едноставно прифатете го процесот и уживајте. Вашето тело се менува, но тоа го правело отсекогаш. Не трошете го времето со цел да го свртите процесот наназад, наместо тоа сменете ја перцепцијата на гледање и пронајдете ја убавината во новото.

 4. Никој не е совршен и никој не е целосно задоволен од себеси. Кога конечно ќе го сфатите ова ќе се ослободите од потребата за споредување со другите и предрасудите. Тоа е навистина олеснувачко чувство.

 5. Никој не забележува што правите правилно, сите гледаат каде грешите. Кога конечно ќе го сфатите ова ќе започнете да ги правите работите поради вистинските причини и да се забавувате повеќе.

10-lekcii-na-koi-moze-da-ve-nauci-samo-zivotot-02.jpg

 6. Ќе се каете поради годините кои сте ги потрошиле во критикувањето и мразењето на сопственото тело. Колку порано го прегрнете и прифатите телото во кое живее вашата душа, толку подобро. Вашето тело е неверојатно, но најважното што треба да го знаете е дека тоа не ве дефинира.

 7. Здравјето е несомнено најважно, но стресот, стравот и грижите можат да направат многу поголема штета од која и да било вкусна храна или пијалак што си ги забранувате. Среќата и мирот се најдобриот лек.

 8. Кој ќе ве памети и по што станува многу важен фактор како што стареете. Вашата љубов и мудрост ќе живеат многу подолго отколку какво било материјално предметче кое ќе го оставите во наследство. Раскажувајте ги вашите приказни, тие ќе патуваат многу подалеку отколку што можете да замислите.

 9. Немаме премногу време на земјата, но доколку одите спроти ветрот може да го поистоветувате животот како доживотна казна. Животот не треба да биде задача, треба да биде авантура.

10. Секогаш, СЕКОГАШ пијте го најдоброто вино и употребувајте ги работите кои ги чувате за специјални прилики. Затоа што утрешнината не ви ја гарантира никој. Денешниот ден е подарок, искористете го секој миг.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава