11 начини како да препознаете дека си имате работа со лажго

Дали вашиот соговорник ја поткрева брадата, ја лиже устата и си го трие вратот? Изгледа некој нешто лаже...

11-nachini-kako-da-prepoznaete-deka-si-imate-rabota-so-lazhgo-01.jpg

Според статистиката, 90% од информациите што ги примаме се базираат на гестикулацијата на говорникот.

Несвесно од неговото тело и глас читаме какво е неговото расположение и дали е вистина тоа што ни го говори.

Гестови кои ќе ви посочат дека имате работа со лажго:

Очи широко отворени

Лажговците не можат долго да одржуваат контакт со очите, но кога личност намерно лаже, таа сака да ја одбрани лагата по секоја цена, па така ќе зјапа директно во соговорникот со неприродно ширум отворени очи за да биде убедителна.

11-nachini-kako-da-prepoznaete-deka-si-imate-rabota-so-lazhgo-02.jpg

Исправување на рамениците и поткревање на брадата

Ако кога кажува нешто, ненадејно ги исправува рамениците, тоа говори за неговата несигурност во своите зборови.

Истото важи и за движењата на главата, па кога ја крева брадата сака да даде повеќе тежина на своите зборови.

Ја лиже или гризе устата

Личноста што лаже во секоја нареден миг се соочува со сè посува уста и тоа се нарекува и „ефект на памук“, а полицајците често го забележуваат кај криминалците.

Стресот автоматски го намалува излачувањето на плунката.

11-nachini-kako-da-prepoznaete-deka-si-imate-rabota-so-lazhgo-03.jpg

Си ги ограничува движењата

Познато е дека немирните потези со телото, а особено рацете посочуваат дека личноста задржува некои работи за себе.

Но, и обратното е вистина, луѓето кои лажат свесно се обидуваат да останат мирни и имаат некоја вештачка вкочанетост.

Посочува кон вас со показалецот

Ова е еден од најагресивните гестови. Ако личноста не сака да ви одговори на прашањето, го насочува својот бес кон вас и ви испраќа отровни стрели.

Лажгото на овој начин се брани себеси.

11-nachini-kako-da-prepoznaete-deka-si-imate-rabota-so-lazhgo-04.jpg

Ја навалува главата на страна

Чарлс Дарвин забележал дека луѓето, како и животните, ја навалуваат главата на страна ако имаат ненадеен огромен интерес за нешто.

Обидувајќи се да пронајде одговор на непријатното прашање, лажгото може на рефлексивен начин да покаже интерес кон соговорникот и со помош на ова движење да ги сокрие вистинските намери. Па, така тој што го поставил прашањето потсвесно поради овој гест ќе му биде полојален на лажгото.

Уште 5 начини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Ако некој се смее премногу - осамен ѐ: Психолошки состојби кои треба да ги препознаете Ако забележите дека некој спие повеќе од нормалното, прашајте го дали го мачи не...
Луѓе споделуваат работи кои се сосема нормални во нивните земји, но нам ни изгледаат лудо „Во рурална Ирска е сосема нормално да видите деца на 12-14 години како возат тр...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
„Сфаќам дека сум стар/а затоа што мамурлакот ми трае повеќе од еден ден“ „Сфаќам дека сум стар/а затоа што имам страв дека моите родители стареат и мисла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg