Зошто модринките ја менуваат бојата и уште 5 информации за тие што сакаат да знаат сè

Кое суштество е бесмртно?

За видот медуза Turritopsis Nutricula се смета дека може да биде бесмртна. Ова мало суштество кое достигнува дијаметар од 5 милиметри, по достигнувањето на старост се населува на дното на морињата и се претвора во израсток обложен со хитинозна кутикула.

Потоа на него се појавуваат пупки од кои се развиваат нови медузи, а интересно е што таквиот циклус може да се повторува неодредено време.

Овие неверојатни медузи може да умрат само ако завршат во устата на некој предатор или поради некоја болест, но биолошки гледано се бесмртни затоа што нивните клетки немаат ограничен број на делби, како кај човекот кај кој границата е во просек 52 циклуси.

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-04.jpg

Зошто облеката кога е влажна станува потемна отколку кога е сува?

Откако ќе се навлажни, на површината на облеката се формира слој која не ја менува бојата на материјалот, но ја менува перцепцијата за неговата боја.

Инаку, бојата ја перципираме преку начинот на кој светлината се рефлектира од неговата површина, па оттука е и промената.

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-07.jpg

Зошто навечер сме пониски отколку наутро?

Навечер стануваме пониски за 1, 2 сантиметри поради нашите меѓупрешленски (интервертебрални) дискови.

Во текот на денот, под влијание на гравитацијата, тие се собираат, а во текот на ноќта се враќаат во првобитната состојба, па поради тоа висината на личноста се менува. Но, по големо физичко истегнување, може да бидеме и до 3 сантиметри повисоки.

Инаку, астронаутите имаат уникатна можност брзо да пораснат. Во мигот штом се ослободат од земјината гравитација и се најдат во вселената тие стануваат повисоки во просек за 5 сантиметри. Но, ефектот трае сè додека не се вратат дома.

zoshto-modrinkite-ja-menuvaat-bojata-i-ushte-4-infromacii-za-tie-shto-sakaat-da-znaat-se-06.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...

Најчитани неделава