Трикови кои ги користат маркетите, а сите паѓаат на нив

Во големите маркети, ништо не е случајно – од начинот на редење на производите, до музиката и миризбата кои се шират низ целиот простор.

trikovi-koi-gi-koristat-marketite-a-site-pagjaat-na-niv-01.jpg

Има многу стратегии со кои маркетите се обидуваат да привлечат повеќе потрошувачи, а откако ќе ги привлечат, да ги натераат да купат повеќе.

Дури и оние кои знаат некои од овие трикови, сепак успеваат повторно да паѓаат на нив, додека пак, некои успешно ги игнорираат.

Во продолжение погледнете со кои трикови се служат маркетите:

1. Мирисот на тазе печен леб или месо предизвикува да купите дури и ако не сте имале намера.

trikovi-koi-gi-koristat-marketite-a-site-pagjaat-na-niv-02.jpg

2. Некогаш намерно има само големи корпи или колички, за да имате потреба повеќе да ги полните.

trikovi-koi-gi-koristat-marketite-a-site-pagjaat-na-niv-03.jpg

3. Колку повеќе купувате, толку повеќе консумирате, па затоа често пакетите се со зголемена количина.

4. Ретко кои потрошувачи ја памтат цената на повеќе од неколку основни производи, па маркетите може лесно да си играат со намалените цени и промоциите.

5. Зеленчукот и овошјето намерно е на почетокот на маркетот, за кога ќе влезете шаренилото од бои да ве инспирира да купувате повеќе.

trikovi-koi-gi-koristat-marketite-a-site-pagjaat-na-niv-04.jpg

6. Многу маркети пуштаат музика со ритам кој ве тера да купувате повеќе, па најдобро е да носите слушалки ако не сакате да паднете на овој трик.

trikovi-koi-gi-koristat-marketite-a-site-pagjaat-na-niv-05.jpg

7. Наместо да купите нешто од производите кои сами ги готват, нарачајте го однапред за денот кога ви треба, за да ви биде свежо, а не од она што е изложено подолго време.

trikovi-koi-gi-koristat-marketite-a-site-pagjaat-na-niv-06.jpg

8. Маркетите ги користат психолошките трикови и ве примамуваат со промоција на повеќе производи за 1 цена, иако многу често купувањето поединечно може да биде и поевтино, но не секогаш.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...

Најчитани неделава