Подароци кои може да испратат лоша порака кај погрешни личности

Во најубавиот период од годината, сите се понесени од еуфоријата и во потрага по идеални подароци за најблиските.

podaroci-koi-mozhe-da-ispratat-pogreshna-poraka-01.jpg

Независно дали станува збор за партнер, пријатели или колеги, понекогаш може да биде вистински предизвик да се одбере добар подарок.

Па така, во обидот да изберете нешто соодветно и со пристоен буџет, може лесно да погрешите и да пренесете погрешна порака, зависно од тоа за кого е наменет подарокот.

Постојат неколку подароци, кои се на тенка линија помеѓу добро и лошо и може погрешно да бидат толкувани и во одредени ситуации, подобро е да ги избегнувате.

Погледнете кои се тие и бидете повнимателни:

Шеговити подароци

Ако сте од оние кои сакаат да купуваат подароци од забава (на пример секс играчки и други слични работи), треба да внимавате за кого бирате таков подарок, бидејќи не секој ќе ви ја сфати шегата како што сте очекувале.

podaroci-koi-mozhe-da-ispratat-pogreshna-poraka-02.jpg

Производи за бањање

Линијата помеѓу „третирај се“ и „ти треба ова“ е многу тенка кога купувате производи како шампон, купка или сапун.

Затоа, прво е важно да внимавате на кого го купувате ова, второ добро да ги одберете производите на пример да бидат некоја убава колекција и држете се до кремите за раце, млекото за тело и други производи за убавина наместо за бањање.

podaroci-koi-mozhe-da-ispratat-pogreshna-poraka-03.jpg

Домаќински производи

Купувањето некој апарат или додаток за чистење во домаќинството, може да ја навреди партнерката и да сфати дека барате од неа повеќе да се посвети на домот и чистењето.

Од друга страна пак, доколку подарите нешто слично на некој кој постојано ги покажува домаќинските способности, може да остави лош впечаток за вас, бидејќи и тие сакаат барем еднаш да се израдуваат на нешто што не е поврзано со домаќинските обврски.

podaroci-koi-mozhe-da-ispratat-pogreshna-poraka-04.jpg

Екстравагантни подароци за нов партнер

Кога сте во сериозна и долга врска, веројатно е во ред да си дозволите и поскапи и поекстравагантни подароци, но кога сте „тазе“ со партнерот, скапиот подарок може да предизвика непотребен притисок и да создаде обврска.

podaroci-koi-mozhe-da-ispratat-pogreshna-poraka-05.jpg

Лични подароци за шефот

Подарувањето ваучер за масажа, парфем и слични лични подароци за шефот, може да предизвикаат непријатно чувство, па држете се до општи подароци кога станува збор за надредени и колеги.

podaroci-koi-mozhe-da-ispratat-pogreshna-poraka06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат кој е најлошиот (и најсмешниот) роденденски подарок што го добиле „Татко ми ги одведе моите 3 помали браќа на спортски натпревар на мојот 21-ви ро...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа) Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им по...
6 идеи за уникатни новогодишни подароци (со кои не можете да згрешите) Производи со краток рок на траење, како вкусни колачиња, или работи што ќе ја ра...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
Идеи за пакување новогодишни подароци (што ќе им се допаднат и на најпребирливите) Подароците спакувани во едноставна еднобојна хартија можете да ги декорирате со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg