20 работи кои вреди да ги искусите пред да наполните 35
Во животот постојано се наоѓаме во различни фази, кога имаме и различни ставови, гледања и желби.

Па така, според тоа како се развиваме карактерно, листата на приоритети и желби ни се менува, но важно е да не забораваме да ги остваруваме.
Иако за некој можеби се глупост листите со желби, сепак, има многу возбудливи работи кои треба да ги искусите, па кога се напишани, полесно е да се стремите кон нивно исполнување.
За да не пропуштите некое искуство кое ќе ви го направи животот повозбудлив и ќе направи да се чувствувате поубаво и задоволно со себе, важно е да почнете од некаде.
Додека вие ја подготвувате ваша листа, додадете и некои од следниве искуства кои вреди да ги доживеете до 35:
1. Спијте под отворено небо со ѕвезди.

2. Посетете ги сите континенти, вклучувајќи го и Антарктикот.

3. Направете нешто од почеток и гордејте се со резултатот.

4. Откажете се од интернетот на 1 седмица (и повторувајте го тоа).

5. Трчајте маратон.

6. Одете на концерт на омилениот бенд или пејач.

7. Споделете храна и облека со бездомник.

8. Радувајте им се на малите работи.

9. Вдомете куче кое нема дом, наместо да купувате.

10. Научете нешто повеќе за вашето семејно дрво и навратете се на корените.
