Рамениците, а не очите, се огледало на душата

Говорот на телото открива многу за личноста и често е поискрен од вербалната комуникација. Одредени делови на телото, пак, се поекспресивни од други, меѓу кои и рамениците.

ramenicite-a-ne-ochite-se-ogledalo-na-dushata-01.jpg

Според агентите на ФБИ, рамениците откриваат дали личноста лаже, има скриени чувства и многу други информации.

Сигурно се сеќавате колку пати вашата мајка ви велеше да го исправите грбот - рамениците наназад, а брадата високо крената. Тоа што можеби не сте го забележале, а за вашата мајка било несвесен поттик да ве предупреди да одите исправено, е тоа што сте го комуницирале преку држењето на телото.

ramenicite-a-ne-ochite-se-ogledalo-na-dushata-02.jpg

Вие, всушност, сте сакале да кажете дека имате лош ден или дека нешто не е во ред.

Што откриваат рамениците? Иако литературата за невербална комуникација најчесто се концентрира на лицето, многу е важно да се знае дека овој дел од телото го оформува туѓото мислење за нас, ја открива состојбата на нашето здравје и ни помага при комуникација.

Рамениците ја изразуваат вашата виталност и доминација. Експертите во оваа област велат дека криминалците ги одбираат своите жртви според три критериуми - нивниот изглед (слаби, кршливи, неразвиени), нивната свесност за ситуацијата (никогаш не посегнуваат по човек кој ги забележал прв) и замавот на нивната рака (енергично движење на рацете или пасивно и потиснато).

ramenicite-a-ne-ochite-se-ogledalo-na-dushata-03.jpg

Изгледот на рамениците е клучниот фактор - помислете како изгледаат војниците. Нивните раменици велат: Погледнете ме, јас сум лидер, следете ме. Ова е дел од поставувањето хиерархија, но исто така и начин на кој демонстрираме почит.

А, почит не се оддава со стуткани раменици, па може да заклучиме дека ова е еден едноставен пример за тоа колку значи држењето на телото.

ramenicite-a-ne-ochite-se-ogledalo-na-dushata-04.jpg

Рамениците исто така ни помагаат да ја изразиме својата среќа и радост. Во стомачните танци рамениците се симбол за сензуалност, а замислете како би изгледал карневал во Бразил каде танчерите не би ги движеле своите раменици во ритамот на музиката. Здодевно, нели?

И бидејќи рамениците се на некој начин огледало на вашата душа, како што може да ги откријат вашата среќа и радост, така може да бидат и мерило за степенот на депресија кај луѓето.

Психијатрите велат дека многу лесно се забележува депресивна личност - воопшто не треба да прашате, тоа се гледа во нивните раменици. Тие речиси не се движат, им недостасуваат спонтани движења и изгледаат како да не можат против гравитацијата. 

Ова може да трае со месеци или години и доколку не се коригира со сигурност ќе влијае на тоа како средината ги перцепира ваквите личности.

Важно е да се забележи и дека кога луѓето се несигурни во тоа што го зборуваат или пак лажат, сосема малку и полека ги поткреваат рамениците. Ова не е индикација дека личноста со сигурност лаже, туку е знак за недостаток на самодоверба.

Може да ви послужи како предупредување дека таа личност не сосема верува во тоа што го кажува.

На почетокот споменавме дека дека рамениците ретко кога се предмет на набљудување и не обрнуваме внимание на пораките што ги испраќаат. Но, следниот пат кога ќе имате прилика, добро загледајте се во рамениците на соговорникот, може да откриете што навистина носи во својата душа и срце.

И не заборавајте да се исправите, така ја создавате сликата за вашата личност.

ramenicite-a-ne-ochite-se-ogledalo-na-dushata-05.jpg

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg