Нова Година во Европа

nova-godina-vo-evropa-povekjeСекоја земја има свој обичаи и начини за дочекување на Новата Година. Најголемите главни градови тежнеат да имаат еднакво големи прослави. Сепак...

 

Реклама

...уникатните традиции и церемонии се разликуваат од земја до земја. Ако сакате да одите надвор од земјава за новогодишната ноќ, време е да се одлучите каде.

Без разлика дали сакате да славите со огномети или тивко, можете да добиете идеална новогодишна вечер во некоја од Европските земји.

nova-godina-vo-evropa-1

1. Франција. Париските ноќни клубови главно се преполни за Нова Година. Ноќта исто така е обележана со раскошна гозба (главно обележана со палачинки, паштета и шампањ) наречена „le Réveillon de Saint-Sylvestre” и формален бал „soirée dansante.”

Следниот ден е првиот ден во годината, или „Jour des Étrennes.” Се одбележува со огромна парада низ улиците на Париз која завршува под Ајфеловата кула.

Останати активности се давањето подароци, крстарење по реката Сена, поворки за собирање грозје на полноќ и шеги меѓу децата (слично како на денот на шегата).

2. Италија. Нова година во Италија или „La Festa di San Silvestro”, е прослава исполнета со многу храна и пиење италијанско пенливо вино. Огнометот, танцување и музиката играат главна улога.

Големите градови како Рим и Неапол се центарот на возбудувањето. Во јужниот дел на земјата, локалните жители прославуваат така што ги фрлаат старите работи од прозорец, подготвени за да ја дочекаат новата година, и задолжително носат црвена долна облека за среќа.

nova-godina-vo-evropa-23. Холандија. Амстердам е центарот на сите случувања. Ако барате огромна журка, забави во сите ноќни клубови, Холандија има огромен избор на традиционални моменти за новогодишната ноќ.

Локалното население го поминува денот во посета на пријатели и членови на семејството, а мажите мора да се напијат чаша ликер во секој дом што ќе го посетат.

Останати холандски традиции е горење на божиќното дрво, крофни (сè што е во форма на прстен се смета дека носи среќа) и нуркање во екстремно ладното Северно Море на пладне.

4. Велика Британија. Лондон ја обележува Новата Година со фантастичен огномет. Модерните ресторани и ноќни клубови се секогаш преполни. Постои можност и да крстарите по реката Темза.

Лондон го организира и најголемиот фетиш бал во Европа. Наредниот ден британците слават на уникатен начин: ги горат старите костуми.

Првиот гостин во домот носи среќа и мора со себе да носи подарок како лепче, или пари. Русокоса или црвенокоса жена не смее да влезе прва во домот. Во Лондон се одржува една од најголемите новогодишни паради во светот.

nova-godina-vo-evropa-3

5. Германија. Една од најинтересните традиции е обичајот Bleigiessen, или претскажување на судбината. Топло олово се фрла во студена вода и во зависност од формата која ја добива ја предвидува судбината на личноста.

Локалното население ја остава храната на трпезата сè до полноќ, со цел да си осигураат полна трпеза и следната година.

Германците јадат риба, зелка и моркови за среќа. Големата прослава е наречена „Brandenburger Tor,” и е проследена со огномет и црковни ѕвона.

Би можело да ве интересира:

Промовира тинејџерска бременост, на 23 години чека 4-то дете: Зошто јавноста ја критикува инфлуенсер... Нара Смит е меѓу најпознатите инфлуенсерки кои се декларираат како „модерни дома...
Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
Што се случуваше во првите месеци од 2020-та, пред самиот почеток на пандемијата? Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, Џеј Ло беше во врска со Алекс Родр...
12 најиритантни работи со кои луѓето ги нервираат другите луѓе (и добиваат тивка осуда) Луѓе кои мислат дека насилното однесување на нивното дете кон мали животни е „см...
8 илустрации колку технологијата ни го смени секојдневието (и без кои не можеме да живееме) Не мора да носиме кеш во паричникот - може да платиме дури и допирање на мобилни...
10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg