Пријателствата траат 7 години

prijatelstvata-traat-7-godini-povekjeСе чини дека седмата година не е кобна само за љубовните врски туку и за пријателствата. Имено, после 7 години, половина од личностите кои ги...

 

Реклама

...вбројуваме во својот круг на пријатели исчезнуваат.

Добра вест е дека во меѓувреме стекнуваме нови пријателства. И тие имаат рок на траење?

prijatelstvata-traat-7-godini

Не можеме сите личности во животот да ги сметаме за пријатели. За полесно да ги категоризираме, социологот Gerald Mollenhorst од Холандија кој го правел истражувањето на оваа тема, одредил дека во пријатели ги вбројуваме личностите со кои делиме важни приватни информации, кои се тука кога ни треба помош и кои ненајавено можат да ни дојдат на гости.

Според него, секое четврто пријателство се остварува во кругот на семејството, а потоа доаѓаат познанствата склопени на работното место, во разни организации и клубови, училиште, факултет и соседството.

За зачувување на постоечките пријателства многу важна улога играат средбите во реалниот живот (не муабети на социјалните мрежи и воопшто он-лајн).

Заедничко хоби, излегувања, дружби надвор од работното време ги зацврстуваат односите и ги одржуваат стабилни. Пријателствата може да „пукнат“ кога со другите личности не се гледаме подолго време.

Додека на почетокот за личноста не врзуваат заедничките интереси, со тек на време тие не се доволни. За да се одржи односот потребно е дружење и гледање. На постоечките пријателства негативно влијаат и новите познанства.

Кога почнуваме да се дружиме со нови личности, со тек на време се помалку се гледаме со поранешните пријатели. За жал, секој трет, после 7 години останува во добри односи со старите пријатели.

Изгледа дека пријателите не смееме да ги земаме здраво за готово.

Би можело да ве интересира:

Ретки фотографии од Титаник и патниците кои (не) преживеале Менито за патниците од прва класа, теретаната на бродот, но и фотографии од спас...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...
Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да заштедите (ги применуваат и богаташите) Ако во моментот имате многу пари, не значи дека треба да ги потрошите сите на ск...
Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg