Најстаро, средно или најмладо дете - Каква личност сте според редоследот на раѓањето?

Од кога постои светот постојат и контроверзии околу тоа дали редот на раѓање значи нешто. Дали најстарите деца се најумни, а најмладите најсмешни, дали единиците се разгалени? 

kakva-licnost-ste-spored-redosledot-na-raganjeto-1.jpg

Ова е една од оние теми за кои, речиси секој има свое мислење, но ни експертите, исто така, не можат да се согласат дали редоследот на раѓање значи нешто.

Постојат неколку интересни научни согледувања за редоследот на раѓањето.

Ако не верувате во ова, тогаш едноставно уживајте во читањето на нивните резултати:

Ако сте најмладото дете, вие сте веројатно сам свој шеф, односно имате сопствен бизнис. 

Една група психолози има откриено дека последното дете најмногу го развива бунтовничкиот дух, а повеќето се склони кон преземање на ризици како што се започнување сопствен бизнис.

И најверојатно имате поинтересни хобија и повеќе авантуристички дух од останатиот дел од семејството.

Kakva licnost ste spored redosledot na raganjeto 01

Ако сте средно дете, најверојатно постојано им помагате на другите членови на семејството.

Вие сте голем алтруист и ги ставате другите пред вас. Исто така сте и многу дружељубиви, велат психолозите.

kakva-licnost-ste-spored-redosledot-na-raganjeto-04.jpg-03.jpg

Ако сте најстарото или единственото дете, имате најдобри шанси да успеете на конвенционален начин.

Во основа, имате лидерски вештини на работа и имате тенденција да бидете конформисти, односно да се согласувате со она што повеќето луѓе го сакаат или мислат.

Исто така, може да бидете академски ориентирани.

kakva-licnost-ste-spored-redosledot-na-raganjeto-04.jpg


Друг интересен заклучок на ова истражување е што најмладите деца најчесто влегуваат во пријателски односи со другите најмлади деца, средните со другите средни, а најстарите или единиците само со децата на иста возраст како нивната.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава