Згрбавено седење, допирање за коса: Гестови кои треба да ги избегнувате

Говорот на телото ја открива нашата личност, нашите емоции, стравови и нашето расположение. Ако научите како правилно да го користите овој јазик полесно ќе комуницирате со луѓето и нема да испраќате погрешни сигнали.

Osnovnite gestovi na koi treba da obrnete vnimanie i da gi izbegnuvate 01

Ова се основните гестови на кои треба да обрнете внимание и да ги избегнувате:

Згрбавено седење

Згрбавено седење, држење на лактите на масата и покривање на лицето со рацете се знаци на непочитување. Ова покажува дека лицето не е заинтересирано за комуникација.

Ако седите исправено изгледате сигурно, успешно и имате позиција на моќ.

Гестикулација

Ако претерувате со гестикулации луѓето ќе мислат дека кажувате лаги или се обидувате да скриете нешто. Ширењето на рацете покажува дека не криете ништо.

Прекрстени раце

Кога ќе ги прекрстите рацете испраќате јасен сигнал „Не се согласувам со она што го кажувате“.

Дури и ако се насмевнете, прекрстените раце не спаѓаат во категорија на позитивни знаци на говорот на телото.

Osnovnite gestovi na koi treba da obrnete vnimanie i da gi izbegnuvate 02

Допирање на косата

Ако сте еден од оние кои постојано ја допираат косата, си играат со неа, или се обидувате да ја поправите косата, тоа покажува несигурност и недостаток на внимание.

Смеење

Доколку се смеете на секоја ситница ова покажува дека сте несигурни и немате силен карактер.

Смеење на вистинското место и во вистинското време покажува дека имате контрола над ситуацијата и дека можете да останете смирени, колку и да се стресни околностите.

Гледање во очи

Веројатно најважниот знак на добар јазик на телото е да ја гледате личноста во очите додека зборувате со неа. Сепак, треба да се биде претпазливи, бидејќи премногу интензивен поглед може да го исплаши соговорникот.

Од друга страна, ако избегнувате таков контакт, тоа покажува дека сакате да скриете нешто.

Osnovnite gestovi na koi treba da obrnete vnimanie i da gi izbegnuvate 03

Слабо ракување

Слабо ракување покажува премногу нежна личност, која не може да се справи со животните проблеми, која е нерешителна и има непријателски карактер.

Добар и цврст стисок е знак за самодоверба и безбедност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава