Ноќни птици кои избегнуваат ризици – Какви се децата родени во јуни?

Доколку чекате бебе, а терминот за породување ви е во јуни, сигурно ве интересира што вели статистиката за децата родени во овој месец.

 najchestite-odliki-na-decata-rodeni-vo-juni-01.jpg

Иако понекогаш со нив ќе имате многу работа, истражувањата покажале дека јунските бебиња се навистина љубопитни, но и големи оптимисти.

Покрај тоа, тие се шармантни, дружељубиви и креативни.

Погледнете ги и другите одлики на децата родени во јуни:

Погодни за Нобелова награда

Според статистиката, поголемиот дел од добитниците на Нобелова награда се родени токму во јуни.

Веројатно нема да спиете многу

Едно истражување покажало дека луѓето кои се родени во пролет и лето си легнуваат подоцна за разлика од оние родени во текот на зимата. Голема е веројатноста децата родени во јуни да бидат вистински ноќни птици.

Тие се многу позитивни

Децата родени помеѓу пролетта и летото често сакаат да се дружат. Тие се познати како дружељубиви и харизматични личности, кои без проблем го привлекуваат сечие внимание.

Што вели астрологијата?

Повеќето луѓе родени во јуни се со хороскопски знак Близнаци. Ова значи дека често ги гледаат двете страни на приказната. Поради тоа, лесно простуваат и се навистина великодушни. Сепак, можат да бидат многу неодлучни.

Иако се склони на позитивно расположение, можат лесно и брзо да го променат тоа. Но исто брзо и им се подобрува расположението.

Дали ќе ризикуваат?

Секој родител е загрижен дали неговото дете ќе ризикува и дали ќе може да внимава на себе. Едно истражување покажало дека кај луѓето родени во мај и јуни има најниско ниво на допамин во организмот.

Ова значи дека детето поретко ќе се впушта во ризични ситуации.

Што се однесува до висината...

Сигурно се прашувате и како ќе изгледа вашето дете, на кого ќе личи, па дури и колку ќе биде високо. Доколку детето е родено во јуни, голема е веројатноста да биде високо.

Истражувачите од Универзитетот Кембриџ заклучиле дека децата родени во летните месеци растат многу повеќе од оние кои се родни во студениот период од годината.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg