Дали мажите навистина се подобри возачи отколку жените?

Повеќето луѓе се согласуваат дека е потребно да се биде безбеден и внимателен на патот, со цел да се биде добар возач. Сепак, дебатата која луѓето низ планетата продолжуваат да ја водат е: кој е подобар возач, жените или мажите? 

Dali mazite se navistina podobri vozaci otkolku zenite 01

Иако е невозможно да се каже дека еден пол е подобар од другиот, постојат некои разлики во нивниот стил на возење. Дали ова ќе го даде конечниот одговор на ова вечно прашање?

Според статистики, машките возачи доживуваат, односно, предизвикуваат повеќе несреќи. Податоците од Институтот за безбедност на патиштата покажуваат дека машките возачи почесто предизвикуваат сообраќајни несреќи, отколку жените.

Оваа независна непрофитна организација, која се занимава со намалување на сообраќајните несреќи, исто така утврди дека во 2017 година за 71 проценти смртни случаи, во судир на моторни возила, биле виновни мажите.

Речиси секоја година, од 1975 до 2017 година, бројот на смртни случаи предизвикани од мажи е повеќе од двојно повисок од бројот на смртни случаи предизвикани од жени.

Dali mazite se navistina podobri vozaci otkolku zenite 02

Истиот принцип важи и кога зборуваме за возраста на возачот. Повеќе мажи на возраст од 16 до 29 години доживуваат фатални несреќи, за разлика од жените во истата возрасна група.

Разликата е најголема кај машките и женските возачи меѓу 20 и 29 години. Мажите обично возат подалеку од жените и се вклучуваат во ризични потфати, како што е брзо возење или консумирање на алкохол пред возење.

Иако мажите доживуваат повеќе несреќи, други истражувања покажуваат дека жените не се „совршени“ возачи. Тие имаат помала доверба зад воланот, отколку мажите.

Значи, дали се мажите подобри возачи отколку жените? Одговорот не е толку едноставен.

Dali mazite se navistina podobri vozaci otkolku zenite 03

Полот е само еден од факторите, кога станува збор за безбедно возење, заедно со многу други, како што се возраста и времетраењето на возењето. Двата пола имаат поголема веројатност да страдаат од несреќи при возење во текот на ноќта.

Квалитетот на возењето, исто така, варира во зависност од локацијата, бидејќи некои држави се поопасни за возење од другите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Бев во брак со мафијаш – живеев во раскош, но тој си доаѓаше дома со крв на чевлите и тела во багаж... „Парите, начинот на живот, накитот … сето тоа изгледа многу гламурозно. Но, не е...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...

Најчитани неделава