Највознемирувачките експерименти што биле изведени досега

Некои психолошки експерименти се вознемирувачки, поради нештата што ги дознаваме за нас. Но, некои експерименти се вознемирувачки, бидејќи едноставно се погрешни.

25-voznemiruvachki-nauchni-eksperimenti-01.jpg

Многу често, експериментите изведувани на луѓе или животни биле брутални и насилни, а во продолжение погледнете ги 25-те највознемирувачки експерименти што некогаш биле изведени.

1. Експерименти за невролошки маркетинг 

Полето невролошки маркетинг вклучува проучување на мозокот и создавање реклами, кои имаат биолошка гаранција дека ќе функционираат. Звучи морничаво? Всушност, сите го прават ова.

Секоја компанија, како Гугл, инвестира во овие истражувања, иако сè уште се дебитира за ефикасноста на овие реклами.

2. Истражување за шизофренија од UCLA

Кога истражувачите од UCLA им ја сопреле терапијата на пациентите со шизофренија, добиле инструкции веднаш да ги вратат на терапија, доколку симптомите значително им се влошат.

Изгледа дека зборот „значително“ има субјективно значење. Еден пациент се заканил дека ќе ги убие неговите родители, а друг скокнал од зграда.

3. Експеримент со боја на очи

По убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор, една наставничка, Џејн Елиот, решила да им одржи предавање на своите ученици за дискриминацијата. Таа ги поделила учениците во две групи – со сини и кафеави очи.

Им рекла дека учениците со сини очи се супериорни, а оние со кафеави очи ги замолила да седнат позади. Децата со сини очи добивале посебен третман – повеќе храна, подолги одмори помеѓу часовите и слично.

Иако денес не би нѐ изненадило, тогаш резултатите од експериментот биле изненадувачки – децата со кафеави очи почнале да покажуваат послаб успех на училиште.

25-voznemiruvachki-nauchni-eksperimenti-02.jpg

4. Тројца Исуси

Милтон Рокич спровел истражување каде што собрал тројца пациенти од психијатриска установа, од кои сите тврделе дека се Бог. На почетокот, мажите се расправале кој бил „посвет“ и речиси почнале со физичка пресметка.

Но, по некое време, секој од нив прифатил дека тој е вистинскиот Бог, а дека другите двајца се луди.

5. Камера

Зборот „камера“ на руски значи соба и е името на една советска установа за истражување, каде што луѓето биле изложувани на отровни супстанци. Сведоците ги опишувале ефектите на силни отрови, како К-2.

Жртвите физички се намалувале, а потоа умирале по неколку минути. Најлудото нешто е што отровот К-2 е целосно незабележителен, а установата за истражување била повторно отворена во '90-тите.

6. Северна Кореја

Власта на Северна Кореја е позната по некои навистина луди и брутални експерименти, како операции без анестезија и гушење во гасна комора. Имено, пред Конгресот на САД, една личност изјавила дека сведочела како семејство со четири членови, било загушено до смрт во комора.

Родителите се обидувале да им даваат вештачко дишење на децата колку што можеле.

25-voznemiruvachki-nauchni-eksperimenti-03.jpg

7. Проектот MK-ULTRA

Целта на овој експеримент од ЦИА, била да се открие дали контролата на умот може да се користи како оружје. За потребите на истражувањето, тие инјектирале проститутки со ЛСД.

8. Сифилис

Власта им кажала на неколку афроамерикански мажи со сифилис дека ќе добијат доживотна бесплатна здравствена нега. Наместо тоа, тие не добивале никаква терапија и биле набљудувани во текот на целиот живот со цел да се проучува болеста.

9. Експериментите на сирачиња на Павлов

Сите знаеме дека Павлов условувал кучиња да почнат да лачат плунка кога ќе слушнат звук на ѕвонче. Проблемот е што истото им го правел и на сираци. Но, тие не биле послушни колку кучињата, па тој ги врзувал и ги хранел со сила.

25-voznemiruvachki-nauchni-eksperimenti-04.jpg

10. Слободна волја

Експериментите спроведени од Бенџамин Либет покажале дека сите наши одлуки се одредени од потсвесни фактори во мозокот. Иако ова и денес е контроверзно, постои нешто морничаво во знаењето дека немаме слободна волја.

Ова би можело да значи дека сè е однапред одредено.

11. Истражувањата врз близнаци на Менгеле

Доктор Менгеле е дефиниција за злобен научник. Како нацистички истражувач, тој бил навистина заинтересиран за близнаците. Причината била што можел да изведува секакви луди експерименти на едниот близнак, а другиот да го користи за контрола.

12. Предвидување

Во 2010-та година, психологот Дерил Бем објавил истражување во кое тврди дека изборите на луѓето се под влијание на идни настани. Тој следел класичен пристап, каде што испитаникот е условен да одбере одреден одговор.

Интересно е што тој ги вклучувал факторите за условување дури откако испитаниците го направиле изборот. Според истражувањето, изборите на испитаниците биле под влијание од факторите за условување што следеле.

25-voznemiruvachki-nauchni-eksperimenti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
Морничавите злодела на браќата Харпе, првите сериски убијци: Си ги убиле децата, ги мачеле своите со... Браќата Харпе, Микаја „Големиот“ Харп и Вајли „Малиот“ Харп, биле озлогласени се...
5 луѓе кои верувале дека се пророци испратени од Бог (и нивните морничави злодела) Шоко Ашара од Јапонија се декларирал како Исус Христос и со неговиот култ изврши...
Некогаш vs. денес: Како изгледало патувањето со авион пред 100 години? Знаевте ли дека порано било дозволено пушењето во авион? А, знаевте ли и дека бе...
Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две... Крис и Лисен од Холандија исчезнале кога отишле на популарна планинарска патека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg