Тебе мој тажен пријателе, те предизвикувам да бидеш трпелив со животот

Те предизвикувам да ги третираш сите со добрина, без разлика што некои луѓе некогаш ти го скршија срцето.

tebe-moj-tazhen-prijatele-te-predizvikuvam-da-bidesh-trpeliv-so-zhivotot-01.jpg

Moжеби имаш исклучително тешка година во животот, имаш брутални загуби и болката не престанува.

Можеби плачеш многу и имаш причини за страв.

Но, мораш да избереш да станеш од креветот и да бидеш силен:

Те предизвикувам да чувствуваш болка, да дозволиш таа да стане дел од тебе, но никогаш да не дозволиш комплетно да те опседне.

Те предизвикувам да веруваш дека си доволно силен за да се соочиш со твојот проблем и да се соочиш со светот со насмевка.

Те предизвикувам да плачеш на рамото на некој свој пријател и да му кажеш сè што ти тежи на душата.

tebe-moj-tazhen-prijatele-te-predizvikuvam-da-bidesh-trpeliv-so-zhivotot-02.jpg

Те предизвикувам да ги третираш сите со добрина, без разлика што некои луѓе некогаш ти го скршија срцето.

Те предизвикувам да бидеш трпелив со животот и да си свесен дека грдото денес може да се претвори веќе утре во нешто прекрасно.

Те предизвикувам да продолжиш да сакаш, без разлика што срцето ти е скршено, а душата ти е на парчиња.

tebe-moj-tazhen-prijatele-te-predizvikuvam-da-bidesh-trpeliv-so-zhivotot-03.jpg

Те предизвикувам да веруваш во среќа.

Те предизвикувам да веруваш во утре, не затоа што ти е ветено – не ти е, но затоа што е место каде можностите постојат.

Но, најмногу од сè те предизвикувам да веруваш во денес. Во овој миг, во овој час и во себе. Да веруваш дека можеш да преживееш сè што ќе ти донесе животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...

Најчитани неделава