8 потсвесни однесувања заради кои не го живеете животот во целост

Потсвесното однесување на една личност има огромно влијание врз нејзиниот живот. Проблемот е што некои потсвесни однесувања само ви стојат на патот до целта, а вие не ни сфаќате што правите. 

8-potsvesni-odnesuvanja-zaradi-koi-ne-go-zhiveete-zhivotot-vo-celost-01.jpg

Овие потсвесни однесувања не ви дозволуваат да го живеете вашиот најдобар живот. Па, погледнете кои се и што можете да направите во врска со нив. 

1. Верувате дека креирањето на вашиот најдобар живот значи да одлучите што сакате и да следите само одреден правец.

Но во реалноста вие сте психолошки неспособни да предвидите што ќе ве направи среќни. Вашиот мозок го перципира само она што го знае. Кога одбирате што сакате во иднина, вие само рекреирате решение или идеал од минатото.

Иронично е што кога овие планови не се одвиваат како што сакате, вие страдате. Мислите дека сте доживеале неуспех, кога всушност можеби ви се случува нешто подобро од планираното.

Важно е да запомните дека живеењето во моментот е нешто што треба да го прават сите за да живеат живот без илузии. 

2. Верувате дека успехот е место каде што треба да стигнете и постојано сте во потрага по нешто обидувајќи се да ги задоволите другите.

Но, нема место на коешто треба да „пристигнете“. Постигнувањето цели не е успех. Успехот е она што ќе го научите и она во коешто ќе уживате.

3. Претпоставувате дека кога го следите вашиот инстинкт, среќата значи добро, а стравот и болката значат лошо.

Кога почнувате да правите нешто што навистина го сакате ќе почувствувате страв и болка, најмногу бидејќи ќе треба да бидете ранливи.

Кога станува збор за донесување одлуки, важно е да знаете дека лошите чувства не го одредуваат исходот. Тие се показатели дека сакате да направите нешто, но тоа ве плаши.

Доколку не сакате да направите нешто, ќе се чувствувате рамнодушно. Стравот всушност претставува интерес.

4. Непотребно создавате проблеми и кризи во вашиот живот бидејќи ви е страв да го живеете.

Ова е всушност техника за избегнување и ве одвлекува од вашата ранливост. Никогаш не сте разочарани поради она што мислите дека е причина за разочарување.

Во јадрото на желбата да создадете проблем се наоѓа стравот да бидете личноста којашто сте и да го живеете животот што го сакате.

5. Мислите дека за да ги промените вашите верувања, треба да размислувате на нов начин, наместо да барате искуства.

Вашето верување е вистинито за вас поради некое искуство. Доколку сакате да го промените вашиот живот, променете ги вашите верувања. За да ги промените вашите верувања, излезете од комфор зоната и собирајте искуства.

6. Мислите дека „проблемите“ се пречки до вашата цел, кога всушност тие ви го покажуваат патот.

Едноставно, соочувањето со проблем ве присилува да преземете нешто за да го решите. Ова дејствие ќе ве однесе на патот по кој секако сте сакале да се движите.

Единствените проблеми во вашиот живот се сведуваат на тоа колку отпор давате на личноста којашто навистина сте.

7. Мислите дека вашето минато ве дефинира, и уште полошо, мислите дека тоа е непроменлива реалност.

Во реалноста, вашата перцепција за минатото се менува со вас. Бидејќи искуствата се секогаш повеќедимензионални, имате многу сеќавања, искуства и чувства, можете да одберете на што ќе се сетите.

Она што ќе го одберете зависи од вашата сегашна состојба на умот. Многу луѓе му дозволуваат на минатото да ги дефинира или да ги прогонува, само затоа што не еволуирале и не сфатиле дека минатото не ги спречува да го имаат животот што го сакаат.

Ова не значи дека треба да им се радувате на трауматичните настани, туку да бидете способни да се сетите на нив со прифаќање и да ги сместите во вашата животна приказна.

8. Се обидувате да ги промените другите луѓе, ситуации и нешта.

Вашата „сенка“ се деловите од вас кои во еден момент ви изгледале како лоши, па сте ги потиснале.

Ова не значи дека не ги сакате овие делови од вас, само не им давате признание. Па, кога ќе видите дека некој друг ги покажува истите особини, вие сте фрустрирани.

Не бидејќи не ви се допаѓа тоа однесување, туку бидејќи треба да се борите со вашата желба и вие да ги покажете.

Нештата што ги сакате кај другите се нештата што ги сакате и кај вас. Нештата што ги мразите кај другите се нештата што не ги гледате кај вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg