Какво е влијанието на интелигенцијата врз должината на животот?

Според неодамнешното истражување на британските научници, луѓето со повисок коефициент на интелигенција најверојатно ќе живеат подолго. Научниците ги анализирале податоците собрани за време на шкотско психолошко истражување од 1932-ра година. На тој ден, речиси сите 11-годишници во државата решавале тест за интелигенција, а потоа бил следен нивниот животен век.

kakvo-e-vlijanieto-na-inteligencijata-vrz-dolzhinata-na-zhivotot-01.jpg

Се покажало дека поинтелигентните деца живееле подолго, иако биле исклучени факторите како економски статус и вид на работно место. Резултатите се поклопуваат со поранешни истражувања кои покажале поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција и морталитетот.

„Утврдивме дека коефициентот на интелигенција на испитаниците кои умреле пред 1-ви јануари 1997-ма година бил значително понизок во периодот кога имале 11 години, за разлика од оние кои тогаш биле живи“, стои во извештајот.

Податоците ги анализирале Лоренс Валеј и Иан Диари и се покажало дека децата со коефициент на интелигенција од 115 имаат 20% поголеми шанси да го доживеат 76-тиот роденден, за разлика код оние со коефициент 100.

Постојат неколку претпоставки за овие резултати. Интелигентните луѓе први би го ставиле безбедносниот појас во автомобил, би одбирале поздрава храна, би избегнувале пушење и би вежбале. Со други зборови, поинтелигентните луѓе подобро ги избегнуваат нештата што можат да убијат. Според друга хипотеза, високиот коефициент на интелигенција е знак за посилна телесна градба, односно организам и тело што би траеле подолго. Во овој случај станува збор за знак, а не за причина.

Третата претпоставка е дека постои генетска поврзаност помеѓу високата интелигенција и долговечноста. Сепак, ова останува нејасно бидејќи подобриот резултат на тестот за интелигенција не мора да биде одраз на интелигенција и може да зависи од општествената класа, образованието како и други културолошки разлики. Воглавно, постои врска помеѓу коефициентот на интелигенција и должината на животот, а на научниците останува да утврдат зошто е тоа така.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава