8 срцепарателни, но убави вистини за животот


8 срцепарателни, но убави вистини за животот

Сите ние се обидуваме да ја сфатиме смислата на животот, да го најдеме нашето место во светот и се надеваме дека ќе ги исполниме нашите соништа.

8-srceparatelni-no-ubavi-vistini-za-zhivotot-01.jpg

Но, со текот на времето сфаќаме дека нештата не секогаш ќе ни одат по план и дека понекогаш животот не е фер.

Постојат неколку вакви срцепарателни вистини за животот, но кога ќе ја согледате и нивната убавина, нештата ќе станат многу полесни.

1. Без разлика колку цврсто се држите и колку мисите дека имате контрола, сепак сè може да се распадне.

Можете да испланирате до најситниот детаљ, и нештата сепак да тргнат во погрешна насока. Целта во животот не е да ги создадете совршените услови, туку важно е она што можете да го зачувате и покрај целиот хаос.

Вашите највредни вештини се вашата флексибилност и отпорност. Како што се соочувате со животот, потребно е да создадете нова визија која може да биде или убава или вистински хорор, во зависност од вашиот пристап. 

2. Само вие сте одговорни за тоа како ќе излезе вашиот живот и како реагирате на животните настани.

Најбескорисната емоција е рамнодушноста. Морате да се борите за животот што го сакате.

Ништо нема да се промени со брзината со којашто сакате, па чекањето светот да се промени според вашите погледи нема да вроди со плод. Морате да се борите, повторно да застанете на нозе и да надминете што било што ве кочи.

Во животот не треба да стоите мирно, треба да го барате она што прави да се чувствувате живо.

3. Секогаш кога мислите дека немате избор - имате.

Вашиот живот е исполнет со последиците од вашите избори, минати и идни. Можеби е полесно да верувате дека животот само ви се случува, бидејќи на тој начин можете да си ги објасните и несреќите.

Но, кога ќе размислите за вашите постапки, ќе сфатите дека сè зависи од вашите избори.

4. Проширувањето на вашата енергија за да избегнете пораз е бесполезно.

Тоа ќе се случи. Ќе допрете ваша верзија од дното, а најчудното е тоа што ова ќе биде момент што најмногу ќе ве ослободи. Штом ќе го стигнете дното, ќе чувствувате помалку страв.

Штом ќе ја видете вашата темнина, повеќе нема од што да се плашите.

8-srceparatelni-no-ubavi-vistini-za-zhivotot-02.jpg

5. Кога станува збор за тоа како ве гледаат другите, нивните навреди и „негативни“ етикети се само етикети.

Истото важи и за комплиментите – само етикети. Зборовите што ви ги упатуваат другите не треба премногу да влијаат на вас. Штом ќе прифатите нечија етикета за вас, ќе бидете заробени од неа.

На вас останува да се ослободите од неа или да ја зачувате. Прифатете го туѓото мислење, но како што созревате и учите за себе, ослободете се од него.

6. Сè што ви се случува сега е привремено.

Постоите во привремен свет. Токму поради ова велат дека треба да живеете во сегашноста. Можеби е клише, но навистина нема смисла да се проектирате во иднината.

Иако можеби е тажно кога ќе помислите дека сите убави моменти се минливи, убавото е што ова важи и за лошите.

7. Клучен дел од вашата човечноста е покажувањето на љубовта и добрината што сакате да ги почувствувате од другите.

Целиот ваш живот ќе барате доказ за вашата вредност. Но, нема никаков доказ. Тој не постои. Убавиот дел е што можете самите да си го создадете. Научете ја вашата вредност и ќе сфатите дека и вие заслужувате добрина.

Можеби никогаш нема да се прифатите целосно, и тоа е сосема во ред. Сепак, совршеноста не постои никаде. Вие сте овде да живеете и или прифатете ја убавината на тоа, или продолжете да давате отпор.

8. Не постои правилен или погрешен начин на живеење.

Постојат само живеењето и постоењето. Кога ќе го сфатите ова, ќе ја сфатите вашата слобода. Проблемот е што нема никакви мапи, никакви правила, никакви водичи.

Оставени сте на себе и сè зависи од вас. А ако можете да го прифатите ова и да се потпрете на него, можеби ќе ја сфатите смислата на животот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека токму вие сте „волкот во светот на овците“ Животот не е лесен, но секој миг е вреден за живеење. Да се биде волк во светот ...
12 работи за кои апсолутно никој не смее да одлучува за вас во животот Смешно им е што верувате во нумерологија и се противат што вашиот партнер нема п...
10 сурови сознанија за животот кои го зацврстуваат нашиот карактер Никој не се родил мудар, туку во текот на животот успеал благодарение на учењето...