Одлични идеи за летна забава во вашиот двор

Без разлика дали го прославувате вашиот роденден, сакате да започнете нова традиција или само сакате да ги соберете вашите пријатели, организирањето на забавата започнува со одбирање на тема.

odlichni-idei-za-letna-zabava-vo-vashiot-dom-01.jpg

Доколку немате идеја за вашата летна забава, во продолжение погледнете неколку одлични предлози:

Скара

Ова е едноставна тема што ќе направи вашите гости да се чувствуваат удобно. Иако фокусот на оваа забава е кај храната, можете да експериментирате со декорациите.

За оваа тема можете да користите сè – од вази со цвеќиња, до интересни прекривачи на вашата маса.

Забава на плажа или базен

Ако не живеете покрај вода или немате базен, не значи дека не можете да ја донесете плажата во вашиот двор. З

а оваа забава ќе ви бидат потребни школки, дезени со риги, столчиња и лежалки за плажа и морска храна. Можете да играте и игри за на плажа, па дури и да запалите оган.

odlichni-idei-za-letna-zabava-vo-vashiot-dom-02.jpg

Вечера во вашиот двор

Ако сакате нешто поинтимно, организирајте вечера во вашиот двор и поканете ги најблиските пријатели. Доколку повеќе ги сакате летните ноќи отколку дневните горештини, ова е совршениот избор за вас.

За декорација, пуштете ја вашата фантазија и бидете креативни Можете да запалите свеќи, да набавите интересни чинии и шарени прекривки за вашата маса.

„Луау“

Претворете го вашиот двор во тропски остров. Ова е навистина лесна тема и многу од декорации можете да изработите и сами.

Тропските цветови, палмите, тревата и овошните коктели се само некои од нештата што можете да ги искористите. Покрај тоа, можете да пуштите и хавајска музика за автентична атмосфера.

odlichni-idei-za-letna-zabava-vo-vashiot-dom-03.jpg

Летен камп

Доколку сакате нешто поврзано со природата, летниот камп е одлична идеја. Инспирирајте ги гостите да кампувате под отворено и набавете перници и ќебиња.

Доколку сакате да ја правите забавата навечер, можете да набавите и проектор и да направите кино на отворено.

Карневал

Можете да направите карневал и во вашиот двор. Воглавно, овие забави се за деца, а ќе ви бидат потребни многу шарени декорации.

Бидете креативни и послужете ги гостите со пуканки, шеќерна волна и сладолед. Можете да организирате и некој натпревар со игри.

odlichni-idei-za-letna-zabava-vo-vashiot-dom-04.jpg

Дегустација на вино

Доколку сакате нешто префинето, организирајте дегустација на вино во вашиот двор. Од Шардоне до пенливо розе, летото е совршено за вино и вински коктели. Овозможете им на вашите гости вистинска експлозија од вкусови.

Дегустација на пиво

Забавите со пиво се одличен начин да ја изгаснете вашата жед во жешките летни денови. Истовремено, тие се одлична прилика да се видите со пријателите.

Набавете неколку видови пиво, купете нешто за грицкање и забавата може да почне!

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава