16 непријатни чувства што всушност покажуваат дека сте на вистинскиот пат

Неудобноста е нешто што го чувствуваме кога сме пред некаква промена. За жал, често ја сметаме неудобноста за несреќа, па поради тоа ја избегнуваме по секоја цена.

16-neudobni-chuvstva-shto-vsushnost-pokazhuvaat-deka-ste-na-vistinskiot-pat-01.jpg

Но, понекогаш е потребно да се почувствувате неудобно за да се ослободите од некое ограничувачко верување и да се мотивирате да направите вистинска промена.

Неудобноста е сигнал, и тоа сигнал што е од голема помош. Па, погледнете кои се неудобните чувства што покажуваат дека сепак сте на вистинскиот пат...

1. Имате чувство дека повторно ги доживувате тешкотиите од вашето детство.

2. Се чувствувате изгубено и без насока и сè додека не се навикнете на ова, ќе мислите дека сте на погрешен пат (но не сте).

3. Станувате поинтуитивни, па имате чувство како едниот дел од мозокот да не ви работи – фокусирањето, организирањето и помнењето на ситните детали понекогаш ви претставува проблем.

4. Се појавуваат ирационални стравови и тага кои се засилуваат сè додека не можете да ги игнорирате повеќе.

16-neudobni-chuvstva-shto-vsushnost-pokazhuvaat-deka-ste-na-vistinskiot-pat-02.jpg

5. Распоредот на спиење ви се менува на непредвидлив начин.

6. Се случува или ви се случил настан што ви го променил животот.

7. Одеднаш имате силна желба и потреба да бидете сами.

8. Вашите соништа се поживи и можете да го запомнете речиси секој детаљ.

16-neudobni-chuvstva-shto-vsushnost-pokazhuvaat-deka-ste-na-vistinskiot-pat-03.jpg

9. Го намалувате вашиот круг на пријатели бидејќи веќе не се чувствувате убаво во друштво на негативни луѓе.

10. Ви изгледа како вашите соништа и цели да се распаѓаат, кога всушност се создава простор за многу подобра реалност.

11. Понекогаш чувствувате како вашите мисли да се вашиот најголем непријател.

12. Повеќе не сте сигурни за личноста којашто сте, а токму оваа несигурност води кон нешто подобро.

16-neudobni-chuvstva-shto-vsushnost-pokazhuvaat-deka-ste-na-vistinskiot-pat-04.jpg

13. Конечно сфаќате колку долг пат ве чека, бидејќи сега знаете кон што сакате да се движите.

14. Почнувате да согледувате и да сфаќате нешта што претходно сте ги игнорирале или не сте сакале да ги знаете.

15. Одеднаш имате силна потреба да ги искажете вашите ставови и мислења.

16. Почнувате да сфаќате дека вие сте единствената личност којашто е одговорна за вашиот живот и вашата среќа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава