Најголемите митови за медицината создадени од филмовите

Дефибрилаторите не функционираат така

И дефибрилаторите се магична алатка што може да ве спаси во секоја ситуација. Но, ова важи само во филмовите. Во реалноста дефибрилацијата се изведува заедно со други техники, како КПР, а ова речиси и да не го гледаме во филмовите.

Истовремено, оваа направа не е толку ефектна како што е прикажано.

10-medicinski-mitovi-sozdadeni-od-filmovite-07.jpg

Раните од стрели не се толку лесни

Сигурно сте забележале дека во филмовите куршумите се навистина смртоносни, додека стрелите едвај и да ги гребнуваат ликовите. Но, нештата се поразлични во реалниот свет.

Иако можеби ќе можете да се движите доколку ве застрелаат со куршум, стрелата дефинитивно ќе ве онеспособи. Целта на ова оружје е една – да се заглави во телото и да биде речиси невозможно да ја извадите. Во повеќето случаи, стрелите можат да предизвикаат повеќе штета од убод од нож.

10-medicinski-mitovi-sozdadeni-od-filmovite-08.jpg

Потресот на мозокот не секогаш резултира со губење свет

Неретко, во филмовите гледаме како некој лик онесвестува друг со удар. Но доколку некој навистина ви го направи тоа, ќе треба да ве удри толку силно, што ќе оштети делови од вашиот мозок.

Истовремено, во филмовите гледаме како ликовите губат свест при потрес на мозокот. Во реалноста, можете да бидете целосно свесни во ваква ситуација. Понекогаш симптомите не се појавуваат со денови, па и недели после несреќата.

10-medicinski-mitovi-sozdadeni-od-filmovite-09.jpg

Нема враќање откако ќе престане да ви чука срцето

Во речиси сите акциони филмови има лик на кој му запира срцето, но потоа е вратен во живот. Но штом срцето ќе застане, нема начин да го вратите, без разлика колку електрични шокови му создавате.

10-medicinski-mitovi-sozdadeni-od-filmovite-10.jpg

Никогаш не вадете го ножот

Никој не би сакал да биде избоден со нож, но доколку се случи тоа, немојте никако да го вадите оружјето. За разлика од филмовите, отстранувањето на сечилото или стрелата секогаш ќе ја влоши повредата.

Имено, токму ножот ве спречува да искрварите до смрт, па најдобро е да им го оставите вадењето на професионалци.

10-medicinski-mitovi-sozdadeni-od-filmovite-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава