Зошто младите луѓе го одложуваат формирањето на семејство?

Како што се менува светот, се менуваат и семејните вредности. Додека за постарите генерации основањето семејство било навистина важно, изгледа дека сè повеќе млади го избегнуваат ова. 

zoshto-mileniumcite-go-odlozhuvaat-formiranjeto-semejstvo-01.jpg

Тие одбираат да се фокусираат на својата кариера и личниот развој, а за семејство се одлучуваат многу подоцна во животот.

Но, кои се причините за ова? Можете да дознаете во продолжение.

Образование

За разлика од минатото, денес сè повеќе млади завршуваат факултет. Поради ова, неретко го одложуваат формирањето на семејство за да се фокусираат на кариерата. Ова најмногу може да се забележи во развиените држави, каде што во просек, жените се одлучуваат на мајчинство помеѓу 30-тата и 34-тата година од животот.

Работно време

Веќе станува јасно дека повеќето луѓе не можат да бидат продуктивни 8 часа дневно, 5 дена во неделата. Ширум целиот свет работодавците се обидуваат да воспостават ново работно време, кое е пофлексибилно и кое остава простор и за други обврски и активности.

Покрај тоа, сè повеќе се одлучуваат на работа од дома. Но ова не значи дека денес луѓето работат помалку. Многу луѓе работат и по две работи со цел да се издржат. Имено, 73% од луѓето работат над 40 часа неделно, а 25% работат повеќе од 50 часа неделно. Ова, се разбира, остава малку простор за одгледување семејство.

zoshto-mileniumcite-go-odlozhuvaat-formiranjeto-semejstvo-02.jpg

Плата

Иако луѓето работат повеќе од кога било, ретко кога се доволно платени. Имено, милениумците се првата генерација со универзитетска диплома која заработува под просекот.

Понекогаш изгледа и како универзитетските дипломи да не вредат воопшто, па често луѓето живеат од месец за месец, без разлика на нивното образование. А со ниски плати, ретко кој би се одлучил да гледа семејство.

Желба за нови нешта

Денес луѓето се поотворени и почнуваат да ја сфаќаат важноста на искуствата. Само затоа што наполниле 30 години, не значи дека нивниот живот завршил. Сите сакаат да пробуваат нови нешта, да експериментираат и речиси секој има свое хоби.

Едно истражување дури покажало дека голем дел од мажите не се подготвени да имаат дете, доколку тоа им одзема од времето што го посветуваат на своето хоби.

zoshto-mileniumcite-go-odlozhuvaat-formiranjeto-semejstvo-03.jpg

Високи очекувања од партнерот

Милениумците се повнимателни при одбирањето на брачните партнери. Голем дел од нив сакаат да имаат семејство, но ќе го направат тоа кога ќе бидат подготвени, а не кога ќе им нареди општеството.

Барањето совршен партнер станува потешко бидејќи сите имаат високи очекувања. Оние, пак, кои се во врска, им е потребно подолго да размислат дали навистина сакаат да стапат во брак. Според некои податоци, за ова се потребни околу 5 години.

Разводи

Денес разводите не се табу тема и во поразвиените држави, дури 50% од браковите завршуваат на овoj начин. Бидејќи не се сигурни дали бракот би бил успешен, многу брачни партнери го одложуваат формирањето на семејство.

Во минатото биле потребни навистина сериозни причини за развод, но денес слободата е поголема и ретко кој останува во нефункционален брак.

zoshto-mileniumcite-go-odlozhuvaat-formiranjeto-semejstvo-04.jpg

Искуство

Врз целата оваа ситуација влијание има и искуството на младите. Голем дел од нив се сеќаваат колку им било тешко на родителите да ги одгледаат, па не сакаат и тие да минуваат низ истото. Денес ретко која млада личност ќе одлучи да има дете доколку не е финансиски стабилна.

Немање поддршка

Ретко кој од милениумците сака да остане да живее со своите родители. Па, штом ќе им се укаже можност сите се вселуваат со партнер, цимер или живеат сами.

Паровите кои живеат сами се свесни дека доколку имаат деца, ќе имаат помалку помош од нивните родители. Ова може да биде проблем бидејќи најчесто и двајцата се вработени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...

Најчитани неделава