Ви треба причина зошто да се смеете почесто? Ви нудиме 23

Кога ќе се земе предвид дека постојано сме бомбардирани со негативни вести, факт е дека луѓето денес треба да се смеат почесто.

vi-treba-pricina-zosto-da-se-smeete-pocesto-vi-nudime-23-01.jpg

Животот е премногу краток за да го поминете разочарани и тажни за ситуации што се надвор од ваша контрола.

Доколку ова не ви е доволно, погледнете уште неколку други причини зошто треба да се смеете многу почесто:

1. Смеењето може да ја намали напнатоста така што ги релаксира мускулите, особено оние на лицето, вратот рамењата и стомакот.

2. Смеењето го намалува нивото на стрес хормони во телото, па луѓето кои сакаат да се смеат имаат попозитивен поглед кон светот. Со намалувањето на овие хормони, телото е порелаксирано.

3. Едно истражување покажало дека смеењето го зголемува лачењето на хормонот HGH (хормон против стареење) за 87%.

4. Смеењето го намалува ризикот од срцеви заболувања така што ја подобрува циркулацијата. Зголемувањето на дотокот на крв може да го намали ризикот од мозочен удар, кардиоваскуларни болести и инфаркт.

5. Како што веќе напоменавме, смеењето ги држи под контрола стрес хормоните, а со тоа го зајакнува и вашиот имунитет.

6. Некои истражувања покажале дека со намалување на крвниот притисок, зајакнување на имунитетот и слично, смеењето помага во побрзото заздравување.

7. Смеењето има одлични придобивки и за дијабетичарите. Едно истражување покажало дека смеењето може да го намали нивото на шеќер во крвта после оброк.

vi-treba-pricina-zosto-da-se-smeete-pocesto-vi-nudime-23-02.jpg

8. Јапонските истражувачи откриле дека смеењето навечер го поттикнува лачењето на мелатонин, хормон што го „подготвуваа“ телото за спиење. Па, слободно изгледајте некоја комедија пред спиење.

9. Смеењето помага полесно да се справите со тешките моменти. Бидејќи го поттикнува лачењето на ендорфините, смеењето помага во стресните ситуации.

10. Смеењето може значително да ја зголеми вашата толеранција на болка благодарение на ендорфините. Па следниот пат кога ќе ве заболи нешто, обидете се да се насмеете.

11. Смеењето е и како физичка вежба бидејќи со него се активираат дијафрагмата, рамената и стомакот.

12. Истражувањата покажале дека смеењето може да ве направи попривлечни. Истовремено, се покажало дека на луѓето име полесно да бидат физички интимни со забавна и смешна личност. Уште денес почнете да работите на вашите шеги.

13. Бидејќи го намалува нивото на стрес хормоните и го релаксира телото, смеењето може да ви помогне да се справите и со агресијата.

14. Смеењето може да ви даде енергија и да ги „разбуди“ органите како срцето, мозокот и белите дробови.

15. Некои истражувања покажале дека смеата ја подобрува дигестијата и може да помогне во намалување на симптомите на синдромот на нервозно дебело црево.

16. Лекарите од Јапонија направиле програма за постарите луѓе која вклучувала физички тренинг и терапија со смеење. Овој експеримент покажал дека на 92% од испитаниците им се намалиле годишните сметки за на лекар за 30%.

vi-treba-pricina-zosto-da-se-smeete-pocesto-vi-nudime-23-03.jpg

17. Смеењето го зголемува капацитетот на белите дробови и може да ги прочисти. Кога се смеете издишувате подлабоко, со што се отстранува застојаниот воздух од дробовите.

18. Според некои истражувања, смеењето има големо влијание врз мислењето што го имате за себе. Доколку сте хумористична личност и можете да ги насмеете другите, ќе се чувствувате гордо и подобро во врска со себе.

19. Покрај тоа што смеењето го подобрува логичкото размислување, тоа може да ја поттикне и вашата креативност. Имено, смеењето „со сила“ се смета за вежба за креативно размислување.

20. Веројатно веќе знаете, но смеењето може да ви го продолжи и животот. Едно 20-годишно истражување открило дека луѓето кои често се смееле имале позитивен поглед кон животот и живееле околу 7 години подолго.

21. Некои истражувања покажале дека смеењето е одлично и за вашата продуктивност. Имено, доброто расположение ве мотивира и ви помага поефикасно да решите некој проблем.

22. Смеењето може да ви ја подобри и врската. Според некои истражувања, паровите кои се смееле заедно забележале драстично подобрување на нивниот однос.

23. Смеењето е одлично во борбата против стареењето. Стресот може навистина да се одрази на вашето лице бидејќи создава брчки и ги затегнува мускулите. Смеењето ги релаксира мускулите на лицето, вратот и главата, па помага да изгледате помладо.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg