Совети за учење јазици од жената која зборувала 16 странски јазици

Като Ломб по потекло од Унгарија навистина ги сакала јазиците, а знаела и како добро да го пренесе знаењето на другите. Таа се занимавала со професионално преведување на сите јазици коишто ги знаела и напишала 10 заповеди за сите оние коишто сакаат да научат нов јазик.

Soveti-za-ucenje-jazici-01.jpg

Поголемиот дел од јазиците кои ги знаела, Като ги совладала самата, работејќи исклучиво со учебници и белетристика на јазикот којшто го изучува. Својата метода на усвојување на нови јазици ја претставила во нејзината книга „Како учам јазици“.

Главниот принцип на нејзиниот пристап е „потполната потопеност во јазикот“: совладување на граматиката паралелно со читање на оригинални текстови и паметење на фрази коишто најчесто се користат во разговорот.

Ова се нејзините правила:

1. Секојдневно вежбајте го јазикот. Доколку некој нема време, тогаш само по 10 минути дневно. Особено добро е ова да се прави наутро.

2. Ако немате желба за учење, немојте да се терате со сила. Оставете ја книгата и јазикот учете го преку радио, музика, разговор во живо…

3. Запишете или запаметете ги сите „готови фрази“ коишто може да се користат во што поголем број случаи.

4. Обидете се ментално да преведете сè што е можно да се преведе: билборди, натписи на плакати, делчиња од случајно слушнати разговори… Тоа секогаш опушта, дури и доколку сте навистина уморни.

5. Учете или читајте само вистински работи. Никогаш текстови со грешки. Тие грешки ќе ви влезат во главата и нема да можете да ги исфрлите.

6. Напишете готови фрази и научете ги во прво лице еднина. На пример: „Само се шегував“ и слични.

7. Странскиот јазик е замок којшто мора да се нападне од сите страни истовремено: со читање весници, слушање радио, гледање филмови кои не се преведени, присуствување на предавања на странски јазик, работа со учебник, допишување, разговор итн.

8. Не плашете се од разговорот, не плашете се од можните грешки, туку барајте да ве поправат. Она што е најважно, немојте да се навредите доколку стварно почнат да ве поправаат.

Бидете сигурни дека 100% ќе го совладате тој јазик. Като Ломб имала едноставна формула според која ги совладувала сите јазици:

Време + камата = резултат

Или доколку малку појасниме:

Потрошеното време + камата/ограничување (страв од грешки) = резултат.

Сведок за тоа колку Като Ломб го сакала јазикот е и овој афоризам од нејзиниот живот: Кога Като Ломб (86г.) го сретнала својот пријател Стив (54г.), таа му рекла:

„Стив, толку си млад! Уште колку многу години имаш, толку јазици кои сè уште можеш да ги научиш.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава