Знаци кои покажуваат дека имате развиена емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е нешто што често го занемаруваме, но е навистина важна за личниот и професионалниот успех. Колку е поголема вашата емоционална интелигенција, толку подобро можете да ги разберете и да се сочувствувате со другите. Покрај тоа, знаете како да се однесувате и што треба да кажете.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-imate-razviena-emocionalna-inteligencija-01.jpeg

Знаците во продолжение се сигурен доказ дека поседувате висока емоционална интелигенција:

Сакате да ги разберете луѓето

Кога разговарате со некого, вие ги забележувате и најсините детали – како зборува личноста, какви гестови прави, како реагира со другите…

Неретко барате значење и мотив зад секој збор и секој гест. Сакате да ги разберете луѓето од секој можен агол бидејќи тоа ви дава перспектива и за вашиот живот.

Љубопитни сте за туѓите животи

Сакате да знаете како живеат луѓето од другите култури и сакате да ги знаете нивните желби и идеи. Уживате во разговорите со странци бидејќи од нив можете да научите многу.

Свесните сте за вашите недостатоци и силни страни

Знаете кои се вашите ограничувања и недостатоци, но уште подобро знаете кои се вашите јаки страни и како да ги искористите. Поради ова, секогаш барате начин да се подобрите.

Живеете во сегашноста

Јасно ви е дека размислувањето за минатото или стравовите за иднината не ви помагаат во сегашниот момент.

Повеќе сакате да го искусите она што се случува сега, наместо да размислувате за она што било или што ќе биде.

Се обидувате да го разберете вашето расположение

Кога сте гневни, тажни или љубоморни се обидувате да сфатите од каде потекнуваат сите емоции. Ј

асно ви е дека понекогаш емоциите можат да ве излажат, па внимавате дали ќе делувате според нив.

Веднаш се соочувате со проблемите

Доколку се појави проблем помеѓу вас и некој друг, веднаш се обидувате да го решите. Знаете дека одолговлекувањето не ви е од никаква помош.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-imate-razviena-emocionalna-inteligencija-01.jpg

Вашата мотивација доаѓа однатре

Сакате да станете подобра личност, но не за другите, туку за себе. Ги слушате коментарите и критиките на другите, но не дозволувате да влијаат врз вашите избори. Вие знаете што е најдоброто за вас.

Работите на личниот развој

Доколку предолго останете на едно место, се чувствувате неудобно. Па, секојдневно работите на вашиот развој.

Размислувате за вашите интереси, пријатели, работно место и барате начин да ги направите подобри.

Сакате да ги слушате другите и да им помагате

Вашите блиски знаат дека сте секогаш овде за нив. Знаете кога треба да ги ислушате, а кога треба да им дадете некој совет.

Никогаш не им судите на другите и се обидувате да го согледате проблемот и од нивна перспектива.

Имате емпатија за сите

Кога луѓето ви зборуваат за нивните проблеми, речиси секогаш можете да почувствувате како им е, дури и ако не сте биле во иста ситуација. Токму ова ве прави одличен пријател.

Вие сте „социјален камелеон“

Вие можете да се дружите со секого. Знаете како треба да се поставите пред одредени личности и секогаш добро ја читате просторијата. Знаете кога е време за шегување, а кога за сериозен разговор.

Ја слушате вашата интуиција

Доколку почувствувате дека нешто не е во ред, му верувате на тоа чувство. Добро размислувате за целата ситуација пред да преземете нешто.

Можете да ги прочитате другите

Лесно ви е да одредите што сакаат или за што размислуваат другите. Знаете кога некој сака да ви каже нешто уште пред да прозбори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg