Симболика на змејови и змии во различни култури

Змејовите се чести мотиви во митовите и легендите на старите култури. Обично се прикажани како суштества што наликуваат на змии или влекачи, со издолжени тела и големи крилја и многу често блујат оган. Тие претставуваат одредени квалитети и моќи, што човекот мора да ги изрази, одредени искушенија или ограничувања, што треба да се надминат. 

Simbolika na zmejovi I zmii vo razlicni kulturi 01

Во западните култури, змејот има генерално негативно значење, како застрашувачко чудовиште и симбол на злото, додека на исток е симбол на моќ, сила и промена.

Змејот е подземно, водно и небесно животно. Тесно е поврзан со змијата, а има и слична симболика. Како унија на змија и птица, змејот претставува врска помеѓу небото и земјата.

Во многу традиции, како што се тибетанската и индиската, змиите наречени Нага претставуваат просветлени суштества.

Во многу митови, легенди и бајки, среќаваме херој кој се бори со змејот. Тој мора да го порази за да стигне до огромното богатство кое го чува змејот, било да се работи за злато или бисери.

Ова богатство го претставува вистинското знаење, светлото на мудроста кое го осветлува значењето на животот.

Змејот во кинеската култура

Змејот е како симбол сеприсутен во кинеската традиција и култура. Кинезите често се нарекуваат и потомците на змејот. Тој е симбол на владетелот и ги претставува функциите на владетелот, кои обезбедуваат ред и праведен социјален поредок.

Поврзан е со термините Тао, Чи и Фенг-шуи.

Змејот е, исто така, главен актер во кинеската космогонија. Креаторот на космосот - Пан Ку, е претставен како џуџе со два рога или со глава на змеј и тело на змија. Змејот се поврзува и со симболот јин и јанг.

Simbolika na zmejovi I zmii vo razlicni kulturi 03

Змијата во културата на Централна Америка

Змијата е чест симбол во митовите на Централна Америка. Така е Астечкиот бог, Quetzalcoatl, претставен како змија со пердуви, која симболизира две моќи: моќ на материја (змија) и моќ на духот (птица).

Змијата е симбол за надминување на ограничувањата на материјата, видливиот свет, трансформацијата или отфрлањето на старата кожа. Отфрлајќи го старото и потрошеното, создаваме услови за нешто ново.

Во наследството на Маите, Толтеците, Ацтеките и другите народи од оваа област, можеме да пронајдеме перната змија со човечка глава, која излегува од нејзината уста.

Ова е поврзано со будење или раѓање на новиот живот, новото постоење, како резултат на трансформација или минување на душата низ темнината материја.

Simbolika na zmejovi I zmii vo razlicni kulturi 04

Змеј во Индија

Како и во словенската митологија, индиската митологија зборува за битката помеѓу богот на громот Индра и демонот, односно змејот Вритра.

Змеј во словенската митологија

Словенската митологија зборува за вечната борба помеѓу богот на громот, Перун, и богот на природата, Велес. На врвот на дрвото на светот е Перун, а во подземниот дел, меѓу корените, е Велес, во форма на змеј, змија или видра.

Велес, како сила на подземјето и темнината, постојано го предизвикува Перун на дуел. Оваа борба, која се повторува секоја година, ја симболизира цикличноста на животот.

Simbolika na zmejovi I zmii vo razlicni kulturi 05

Змијата во египетската митологија

Египетското божество, Апофис или Апеп, е прикажано како змија. Тој е симбол на темнината и хаосот и е спротивност на богот на сонцето Ра, креаторот.

За време на дванаесетте дневни часови, откако ќе излезе сонцето, Ра патува по небото со својот брод Мањет. За време на дванаесет ноќни часови, Ра патува со бродот наречен Месектет.

Апеп, кој живее во длабочините на Нил, се обидува да го проголта бродот на Ра. Ра секогаш победува и се појавува секое утро како новородено Сонце.

Змејот во Вавилон и Месопотамија

Врховно вавилонско божество е Мардук, победникот над хаосот, змијата Тиамат. Неговиот симбол е змеј со рогови.

Simbolika na zmejovi I zmii vo razlicni kulturi 06

Ашера | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт? Џон ду Понт потекнувал од една од најбогатите и најмоќните династии во САД, но и...

Најчитани неделава