Никсен – новата омилена холандска филозофија за среќен живот покрај „hygge“

Прво бевме фасцинирани од hygge, данскиот концепт кој означува да се чувствувате удобно и топло што и да правите.

niksen-novata-omilena-holandska-filozofija-za-srekjen-zhivot-pokraj-hygge-01.jpg

Потоа се појави lagom, шведскиот концепт за пристапување кон животот со скромност и чувствување на благосостојба.

Сега, новата холандска филозофија за среќен живот ја зема својата популарност, а станува збор за едноставен потсетник дека не треба да трчате по ништо и не треба да живеете динамично темпо.

Оние кои живеат среќен живот, знаат колку всушност е важно понекогаш да не правите ништо.

И покрај многуте обврски, треба да научите како да одвоите краток дел од денот без да правите ништо и да си дозволите малку мрзеливост.

Релаксирајте се со дружба со блиски и позитивни пријатели, галете се со миленикот, прочитајте добра книга или едноставно седнете на балкон со чаша вкусно кафе, топол чај или друг вкусен пијалак и уживајте во сопственото присуство.

niksen-novata-omilena-holandska-filozofija-za-srekjen-zhivot-pokraj-hygge-02.jpg

Ослободете се од сите грижи, не правете ништо физички ниту ментално и да ги отпуштите и ослободите мислите.

За да ја практикувате оваа филозофија, не треба да учите ништо – лежење на трева е никсен, гледање низ прозор и не правење ништо додека си одите дома од работа – дефинитивно е никсен.

Со тоа што ќе научите да го запрете динамичното темпо и да одвоите време за ништо, ќе си го намалите стресот анксиозноста и ќе се чувствувате подобро.

Исполнете си го денот со неколку ситни активности кои ве релаксираат, за да го забавите темпото, но и да се потсетите да го одморите телото и умот од стресот, но важно е тоа да не го практикувате во текот на цел ден за да постигнете балансиран и исполнет распоред.

Дефинитивно на сите ни треба да не правиме ништо понекогаш...

niksen-novata-omilena-holandska-filozofija-za-srekjen-zhivot-pokraj-hygge-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава