Духовното значење на вечерашната жетварска месечина

Дали чувствувате зголемување на духовната енергија со наближувањето на есента?

duhovnoto-znachenje-na-vecherashnata-zhetvarska-mesechina-02.jpg

Есента е сезоната со која започнува бавната и трпелива смрт, после живото лето. Сепак, смртта не е крајот. Смртта значи менување на вашата кожа, ослободување од минатото и „чистење“ што ќе ве подготви за новото раѓање.

Духовното значење на оваа жетварска месечина ќе ви помогне да погледнете во вашето срце и да откриете што навистина се наоѓа таму.

Оваа година, жетварската месечина се поклопува и со петок 13-ти и ја претставува полната месечина што е најблиску до есенската рамноденица.

Оваа полна месечина го означува моментот кога нашите предци ја почнувале жетвата, како и подготовките за зимата.

duhovnoto-znachenje-na-vecherashnata-zhetvarska-mesechina-01.jpg

Кога станува збор за духовноста, жетварската месечина значи грижа за вашето емоционално и физичко здравје, како и помирување со резултатите и исходите од вашите одлуки досега.

После тоа, треба да сфатите што би можеле да направите поразлично, да си простите за грешките и да одлучите што ќе научите од нив.

Дури и ако ја тргнете симболиката настрана, вечер сепак има полна месечина. Односно, ова е период обележан со силни емоции и неочекувани пресврти. Ова е период на кулминација и откривање, што значи дека можно е да дознаете некоја вистина.

Иако понекогаш е тешко да се прифати влијанието на полната месечина, неговата цел е да ве насочи кон вистинскиот пат.

Овогодишната жетварска месечина се наоѓа во Риби, а во тој случај е јасно дека вашите емоции ќе бидат навистина засилени.

Овој воден знак е целосно отворен кон духовните вибрации и секогаш има разбирање за туѓите чувства.

Ова е полната месечина што ќе ве натера да плачете и без некоја причина. Дури и ако сè ви изгледа „нормално“ или „во ред“, не треба многу за потиснатите чувства да излезат на површина.

Сепак, можно е да не знаете кои чувства се поврзани со реалноста доколку ѝ дозволувате на имагинацијата да ве надвладее. Можно е да бидете особено чувствителни на вашите емоции, како вашето срце да нема граници.

Иако ова е одлично за креативноста и романсата, не ви помага да бидете рационални. Сепак, не обидувајте се премногу да ја најдете вистинската насока. Наместо тоа, прифатете го хаосот и фактот дека нештата можат да тргнат во која било насока.

duhovnoto-znachenje-na-vecherashnata-zhetvarska-mesechina-03.jpg

Можеби нема да мислите така, но во овој период ќе созреете многу. Важно е да верувате дека универзумот ги поставува темелите за голема трансформација.

Не заборавајте дека за да го најдете вашиот пат, мора да прифатите да се чувствувате изгубено. За среќа, оваа полна месечина ќе ви ја даде потребната сила да се придвижите напред. Зад сè што се случува, се кријат вашите раст и развој.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето... Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една ...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава