Правило со 5 прашања – Проверен метод за откривање на она што ви е тешко да си го признаете

Ова е ефикасна метода на основачот на Тојота, која ќе ви помогне да ја сфатите ситуацијата во која се наоѓате и да ги откриете информациите кои потсвесно лежат во вас.

pravilo-so-5-prasanja-proveren-metod-za-otkrivanje-na-ona-sto-vi-e-tesko-da-si-go-priznaete-01.jpg

Поставете си ги следниве 5 прашања и одговарајте искрено.

ЗОШТО стратегијата се спроведува на следниов начин:

На пример, сакате да купите златен прстен. Си го поставувате прашањето: Зошто сакам да го имам овој прстен?

Ова е вашето прво ЗОШТО?

Ако одговорот гласи: Затоа што сакам пријателите да ми завидуваат.

Следува вашето ЗОШТО број 2: Зошто сакам пријателите да ми завидуваат?

Одговор: Затоа што сакам да бидам подобар од нив.

pravilo-so-5-prasanja-proveren-metod-za-otkrivanje-na-ona-sto-vi-e-tesko-da-si-go-priznaete-02.jpg

ЗОШТО број 3: Зошто сакам да бидам подобар од нив?

Одговор: Затоа што сум несигурен во себе.

ЗОШТО број 4: Зошто сум несигурен во себе?

Одговор: Затоа што не се развивам, не напредувам и сум сосема обична, просечна личност.

ЗОШТО број 5: Зошто не се развиваш?

Одговор: Затоа што се плашам од предизвици, тешки моменти и мачно ми е да ја напуштам комфор зоната.

И каква врска има прстенот со тоа?

Секое ново зошто ни открива по некоја нова причина која е тешко да ја откриеме на порв поглед. А, вашиот одговор на 5 зошто, ви ја отвора сегашноста и моменталната ситуација.

Ова е многу ефикасна метода која всушност го открива она од кое се плашите да си го признаете себеси.

pravilo-so-5-prasanja-proveren-metod-za-otkrivanje-na-ona-sto-vi-e-tesko-da-si-go-priznaete-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава