Латинска фраза која ќе ви помогне полесно да се справите со проблемите

Секој си има свои проблеми, а никој не знае како да ги реши, дури и покрај тоа што денес постојат повеќе совети од кога било.

latinska-fraza-shto-kje-vi-go-promeni-zhivotot-i-kje-vi-pomogne-da-se-spravite-so-problemite-01.jpg

Но можеби токму достапноста на голем број совети е еден од нашите проблеми. Понекогаш е невозможно да го одберете совршениот совет за вас.

Но професорката Бони Смит Вајтхаус има навистина едноставно решение – вратете им се на класиците.

Таа споделила и една латинска изрека за која вреди да размислите – solvitur ambulando. Во слободен превод, оваа фраза значи „Тоа се решава со одење“. А, зборот „Тоа“, може да означува што било.

latinska-fraza-shto-kje-vi-go-promeni-zhivotot-i-kje-vi-pomogne-da-se-spravite-so-problemite-03.jpg

Но, оваа професорка по англиски не е единствената што смета дека пешачењето може да реши многу проблеми.

„Уште во 19-тиот век, данскиот филозоф Серен Кјеркегор напишал: Повеќе од сè, немојте да ја изгубите вашата желба за шетање. Додека сум шетал сум ги добил најдобрите мисли, а уште не сум сретнал толку тешка мисла, од која не можете да се ослободите со шетање.“

Токму ова е пораката што сака да ја пренесе Бони. Таа смета дека со пешачењето можете да бидете поприсутни во сегашниот момент, да ја намалите анксиозноста, да ја поттикнете креативноста и да се „прочистите“ од изложеноста на технологија.

За да почнете да го применувате ова, не ви е потребно ништо што веќе го немате.

latinska-fraza-shto-kje-vi-go-promeni-zhivotot-i-kje-vi-pomogne-da-se-spravite-so-problemite-02.jpg

Гледајте го пешачењето како вежба што ќе ви го подобри здравјето. Одењето, со или без цел, е начин да ги средите вашите мисли, да ја почувствувате својата слобода и да добиете нови идеи.

Кога сме соочени со некој проблем, најчесто се фокусираме на сè што не е во ред. И Тич Нат Хан смета дека наместо тоа, треба да прошетате. Секој пат кога ќе го правите тоа, си помагате себеси.

Па, следниот пат кога ќе се почувствувате фрустрирано, уморно, гневно, анксиозно или слично, излезете во природа и таму „побарајте совет“.

Дури и поетот Симон Армитаж изјавил:

„Никогаш нема да се вратите од прошетка чувствувајќи се полошо.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава