7 начини на кои другите ве тераат да правите што сакаат


7 начини на кои другите ве тераат да правите што сакаат

Дали сте се нашле во ситуација да го купите 100-тиот пар чевли што не ви е ни потребен? А, дали некогаш сте се согласиле да помогнете некому, иако сте имале други планови?

7-nachini-na-koi-drugite-ve-teraat-da-pravite-shto-sakaat-001.jpg

Ова му се има случено на речиси секој, а причината е што понекогаш не ни сфаќаме колку често луѓето користат трикови за манипулација.

Доколку веќе не сакате да бидете контролирани од другите, добро е да знаете кои се најчестите „техники“ за манипулација:

Фрази како: „Но сите твои пријатели го прават тоа“

Постои цела наука за тоа како можете да натерате некого да купи нешто што не му треба.

Продавачите неретко обрнуваат внимание на изгледот и социјалната група на клиентот, за полесно да го убедат дека сите како него го купуваат тоа.

Токму на овој начин функционираат и промоциите на Instagram. Бидејќи воглавно следите луѓе кои се слични на вас или ви се допаѓаат, тие лесно можат да ве натераат да купите нешто.

7-nachini-na-koi-drugite-ve-teraat-da-pravite-shto-sakaat-02.jpg

Барање помала услуга

Кога некој го применува овој метод, прво ќе побара услуга од вас. Ако ја одбиете, ќе побара помала и навидум поедноставна услуга, па се зголемуваат шансите да прифатите.

На пример, ако некој сака да му позајмите 1000 денари, веројатно ќе му речете не. Но, ако потоа ви побара 200-300 денари, речиси сигурно ќе му ги дадете.

7-nachini-na-koi-drugite-ve-teraat-da-pravite-shto-sakaat-03.jpg

Создавање чувство на блискост

Едно истражување покажало дека луѓето повеќе би се согласиле да пополнат анкета, ако со неа доаѓа и рачно напишана порака со која барате помош.

Ова ја покажува важноста на создавањето чувство на блискост. 

Па, кога некој продавач ќе ве праша како се викате, што работите или за кого купувате нешто, тој се обидува да се поврзи со вас, за полесно да ви продаде нешто.

7-nachini-na-koi-drugite-ve-teraat-da-pravite-shto-sakaat-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога луѓето ќе си ја заборават културата дома (фото) Некои луѓе немаат никаква култура и секојдневно својата непристојност и вулгарно...
Бабини деветини или во какви глупости веруваме Кога бев мал верував во сé и сешто. Мислев дека секој старечки збор и прекор сод...
Никој не е толку зафатен, само зависи на кое место се наоѓате на листа... Личност која е „премногу зафатена“ и нема половина час време за вас е мит – луѓе...