Моќта на генетиката - Со која баба сме најповрзани?

Според она што го знаеме за генетиката, бабите и дедовците во просек делат 25% ДНК со своите внуци.

mokjta-na-genetikata-so-koja-baba-sme-najpovrzani-01.jpg

Наследуваме гени и од машките и од женските родители на двете страни, но научниците тврдат дека бабите од страната на мајката имаат многу поголемо влијание на потомството.

Една од теориите тврди дека разликата во начинот на кој бабите од мајчината страна се поврзани со внуците може да се објасни со Х-хромозомите.

Според неа, бабите од мајчина страна пренесуваат еден од своите Х-хромозоми еднакво на внуките и внуците, додека бабите од страната на таткото пренесуваат еден од своите Х-хромозоми само на девојчињата, но не и на момчињата.

Поради тоа бабите од страната на таткото се поповрзани со внуките, но не и со внуците.

mokjta-na-genetikata-so-koja-baba-sme-najpovrzani-03.jpg

Втората теорија се вика таткова неизвесност и може да влијае на тоа како неговите родители ги чуваат децата. Таа стигма подразбира дека машките членови можеби никогаш нема да бидат 100% сигурни дека растат свои деца, бидејќи не ги раѓаат самите.

Долгорочно гледано, тоа може да се одрази на ангажманот на бабите и дедовците од страната на таткото.

Оваа теорија ја развил чилеанскиот есеист, драматичар и романописец Алехандро Јодоровски. Токму тој е првиот кој истакнува дека од сите баби и дедовци, децата се најповрзани со бабата од мајчина страна.

Тој верува дека мајките, освен биолошкиот материјал, ги пренесуваат и емоциите на своите деца, кои подоцна ќе ги пренесат на своите деца.

mokjta-na-genetikata-so-koja-baba-sme-najpovrzani-02.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава