Како пијат без да се опијат? - Најголемите тајни на стриптизетите

Стриптиз клубовите понекогаш навистина наликуваат на забавни паркови – овде има тон забава за посетителите, но многу работа за вработените.

kako-pijat-bez-da-se-opijat-najgolemite-tajni-na-striptizetite-01.jpg

Веројатно сте се запрашале како изгледа животот на стриптизетите и кои се нивните најголеми тајни.

За таа цел, ви откриваме дел од тајните што стриптизетите ги споделиле со јавноста:

Танчарките кои нудат „дополнителни услуги“ не се омилени помеѓу колешките

Секогаш има стриптизети кои нудат и сексуални услуги, но ова не важи за сите.

Сопствениците на клубовите кои ги охрабруваат стриптизетите на проституција можат да си направат проблеми со законот.

Бидејќи во повеќето држави ова е нелегално, најчесто стриптизетите „завршуваат работа“ во тоалет, автомобил или на друго место по договор.

Главно, стриптизетите кои нудат вакви услуги не се омилени помеѓу колешките, најмногу бидејќи им го нарушуваат угледот.

Ја сакат ли својата работа?

Стриптизетите се свесни за стигмата што постои околу нивната работа. Иако некои од нив уживаат во танцувањето и вниманието што го добиваат, со текот на времето развиваат презир кон нивната работа.

Она што навистина им се допаѓа се парите што ги заработуваат и пријателствата со другите девојки и вработени во клубот.

kako-pijat-bez-da-se-opijat-najgolemite-tajni-na-striptizetite-02.jpg

Дали посетителите се редовни?

Секој работен ден, стриптизетите добро ги забележуваат гостите во клубот.

Ги препознаваат осамените мажи кои се редовни посетители, но знаат и кои се таму само поради друштвото.

Покрај тоа, пријателството со гостите не доаѓа предвид.

Како пијат со гостите без да се опијат?

Стриптизетите редовно добиваат пијачки од гостите, па веројатно се прашувате како не се опиваат.

Причината е што бармените секогаш им даваат коктели без алкохол, или разредени пијачки.

kako-pijat-bez-da-se-opijat-najgolemite-tajni-na-striptizetite-03.jpg

Колкава е платата?

Најчесто стриптизетите имаат одлична плата, многу повисока од просечната.

Околу 60% од стриптизетите ја работат оваа работа 1 до 2 години. 10% остануваат од 5 до 10 години како стриптизети, а околу 30% продолжуваат со порнографија или некој вид проституција.

Интелигенцијата на стриптизетите е занемарена

Повеќето луѓе се убедени дека овие девојки не се интелигентни. Но, повеќето од нив се навистина паметни, но поради сиромаштијата, го гледаат танцувањето како лесна заработка.

Голем дел од нив се запишуваат на факултет и се многу попаметни од муштериите кои им плаќаат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
Знаци дека мора да направите рамнотежа меѓу приватниот живот и работата Не можете да го исклучите телефонот без чувство на вина и горди сте што сте прем...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава