Благодарност... животот е убав!

blagodarnost-zivotot-e-ubav-povekjeЕдна од најважните работи во животот е благодарноста. Не учтиво заблагодарување, иако и учтивноста е многу важна и им го разубавува животот на сите, туку...

 

...способност да се почувствува благодарност за нешто што е добро во животот.

blagodarnost-zivotot-e-ubav

Некогаш се работи за нешто крупно, добивате работа за која сте сонувале, среќни сте со човекот кој е љубов на вашиот живот, детето ви постигнало голем успех, но многу почесто се работи за ситници, делумни ситници, кои живот значат.

На пример... пријатниот мирис на утринското кафе, пријатниот мирис на домашната пита, прошетка на свеж воздух, убав распоред на облаците на небото, детски џагор чуен во минување... убави работи кои ви мамат насмевка на лицето, кои ќе ве потсетат дека животот е убав, дека има моменти за радување - секој ден.

Од друга страна, има луѓе кои благодарноста за доброто во својот живот, како и воопшто благодарноста, не ја чувствуваат бидејќи се насочени само кон она што е лошо.

На пример... шефот кој постојано вика, детето кое постојано нешто бара и плаче, партнерот кој никогаш не помага низ дома туку само што ќе влезе дома седнува во фотеља и очекува да биде послужен, досадно куче кое постојано лае, мачката од подрум која е сигурно шугава и само се плашите да не ве изгребе...

Многу е лесно да се пронајде лошото, или пак нешто да се види дека е лошо, впрочем полесно отколку да се види доброто и да му се радуваме. Ако сте постојано песимистички расположени и го гледате само негативното во животот шансите за среќа ви се намалуваат.

Свртете се околу себе, побарајте нешто убаво и бидете благодарни кога ќе го пронајдете - секој ден.

Лошото така нема да го снема од вашиот живот, но нема да биде единственото што ви се случува во животот- ќе имате среќа, радост, некогаш повеќе, некогаш помалку, но ќе ја имате секогаш.

Би можело да ве интересира:

Девојка го одби запросувањето на дечко ѝ, на бина на концерт пред огромна публика (видео) Дечко од Австралија се договорил со бендот Bootleg Rascal да се качи на бина за ...
Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...
Десет работи што учтивите луѓе никогаш не ги прават во ресторан Не се однесуваат супериорно кон келнерите и не им се жалат на вработените во рес...
5-те најскапи хотели во светот (што можеме да ги видиме само на фотки) Два од најскапите хотели се наоѓаат во Дубаи, додека најскапиот е на Карибите и ...
Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...
Луѓе кои како да „процветаа“ по 40-тата година, па изгледаат многу подобро отколку во младоста „Поминав низ средовечна криза и решив да се посветам повеќе на себе. Сега се чув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg