5 подароци кои не чинат многу, но се бесценети

Подароците се неопходен дел од Божиќ, а празниците се период кога, на некој начин, ни е нajлесно да го извадиме паричникот од торбата и да влегуваме во минуси, за да ги расположиме оние што ги сакаме.

Sedum podaroci koi ne cinat mnogu no se besceneti 01

Постојат подароци чија материјална вредност не е голема, но кои имаат непроценлива вредност за личноста на која се наменети.

Ова се подароци кои, дури и без да ги испразните вашите сметки, покажуваат дека ги сакате, слушате, цените и почитувате луѓето околу вас:

1. Заедничка фотографија во рамка

Времето на купување филмови за фотоапарати и носење на истите во фото студио за да ги развиеме, со надеж дека испаднавме добро, е далеку зад нас. Денес сме сите опремени со барем мобилни телефони и можеме да го фотографираме секој момент од нашите животи.

Затоа е добра идеја да врамите некоја заедничка фотографија, која ќе остане дел од вашиот живот дури и кога ќе се распаднат мобилните телефони, лаптопите, компјутерите, надворешните дискови и сите други уреди.

2. Тегла полна со убави пораки

Сите понекогаш се будиме размислувајќи дека не можеме да чекаме да заврши денот и да се вратиме во кревет. Убава порака во едно такво утро сигурно ќе ја подобри ситуацијата, барем малку.

Затоа, купете тегла, земете хартија и започнете да ги пишувате убавите пораки на некој што го сакате.

Sedum podaroci koi ne cinat mnogu no se besceneti 02

3. Свеќа во тегла со персонализирана порака

Ова е многу едноставен порарок за правење. Купете мирисливи свеќи во тегла и напишете убава порака, која можете да ја отпечатите за да изгледа поубаво, и залепите ја на теглата.

4. Ваучери за дружење со вас

Поради обврските, честопати немаме време да се дружиме со оние што ги сакаме. Ако сакате да посветите повеќе од вашето време на некој за кој се грижите во наредната година, направете ваучери за дружење.

Лесно е - напишете на лист хартија за што е ваучерот, може да биде за кафе, вечера, шетање или кино. Секој пат кога таа личност ќе сака да направи една од овие активности, ќе имаа ваучер за вас, а вие едноставно нема да можете да кажете „не“.

5. Книга „50 причини зошто те сакам“

Купете мала тетратка или дневник и започнете со „пишување на книгата“. Насловот може да биде „50 причини зошто те сакам“ и знаете за што ќе биде таа „книга“.

Можеби имате и друга идеја што ќе биде уште подобра, кога станува збор за лицето на кое му е наменет подарокот. Персонализирана „книга“ е најдобар подарок што никогаш нема да се заборави.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...

Најчитани неделава