Народни верувања: Какви баксузи носи престапната година?

За престапната година се врзуваат само лоши верувања, а оваа 2020-та е токму таква – има 366 дена.

narodni-veruvanja-kakvi-baksuzi-nosi-prestapnata-godina-001.jpg

По народните верувања, секоја престапна година сама по себе е баксузна, па не би требало да почнувате сериозни обврски, а исто така не се препорачува и стапување во брак.

Ако сепак се одлучите да стапнете на „лудиот камен,“ тогаш добро би било жената да го запроси мажот. Само на тој начин, според британската традиција, може да го разбиете баксузот.

Порано се сметало и дека најопасните клетви се прават во престапна година, па се препорачувало да бидете внимателни со разни амајлии и ритуали.

Исто така, не смеело да има куќа без календар и да стои листот од минатиот месец. Кога февруари ќе завршел – листот веднаш се палел додека не се претвори во пепел.

Некои верувале дека престапните години не се поволни за садење плодови и земјоделие. Секако, науката нема потврдено никаква поврзаност, но тоа не ги спречува луѓето да веруваат во баксузот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Трагичната судбина на бившиот на Кети Пери: По сообраќајка си ја уби сосетката и скокна од покрив на... Актерот Џони Луис бил еден од ретките кои наместо забави, дрога и алкохол сакале...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...

Најчитани неделава