Немате пари за подароци?

nemate-pari-za-podaroci-povekjeПостојат прилики кога редот наложува да се однесе подарок, а ако сте дружељубива личност, можеби имате многу такви прилики - Нова година, венчавки...

 

...родендени, слави и слично.

Тогаш може да се постави прашањето, имате ли доволно пари за подарок?

nemate-pari-za-podaroci

Не дека некој очекува дијамантска огрлица од вас, но може да ви е проблем да најдете пари за некој пристоен подарок. Тука доаѓаат до израз: вашето внимание, досетливост и креативност.

Имено, покрај тоа што редот наложува да однесете подарок, не постои правило кое вели колку тој подарок мора (минимално) да чини, без разлика колку некој би сакал да добие скап подарок.

Така можете да урамите фотографија од некоја случка кој ви е во убаво сеќавање и вам и на личноста на која и ја подарувате, или пак можете да се сетите на некој омилен колач, омилена играчка од детството, омилена книга од детството, избор на омилена музика и тоа да однесете за подарок.

Ако умеете да плетете или нешто слично, подарокот можете самите да го направите; ако знаете дека таа личност сакала книга која е распродадена и изданието е старо, секак дека ќе ја израдувате ако таа книга успеете да ја пронајдете во некоја антикварница.

Се вели, вниманието е најважно, и тоа е сосеа точно; а поголемо внимание ќе покажете ако се сетите што му се допаѓа на тој кому му носите подарок наместо да купите подарок од 100 евра баш затоа што е скап и така претставува вреден подарок.

Навистина, постојат и луѓе на кои повеќе би им се допаднало да добијат парфем од 100 евра, без разлика што прв пат слушаат за тој парфрм или воопшто и не им се допаѓа како мириса, отколку да им подарите урамена фотографија од некој убав заеднички момент.

Тука доаѓа до израз не само вашето внимание во избор на подарокот туку и вашето внимание во избор на пријатели.

Би можело да ве интересира:

Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“? Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
Самоубиства, предозирања, киднапирање: Проклетството на династијата Гинис (кое трае до денес) Династијата Гинис, која стои зад една од најпознатите дестилерии во светот, има ...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Пет суптилни трикови што ги користат емоционалните манипулатори Префрлањето вина и глумењето жртва се тактики со кои манипулаторите прават нивна...
„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg