5 причини зошто е добро жените да имаат барем еден машки пријател

Свесни сме дека ништо не може да ги замени најдобрите пријателки со кои можете да споделите апсолутно сè и кои ќе ве разберат како никој друг.

5 pricini zosto e dobro zenite da imaat barem eden maski prijatel 01

Но, не треба да го потценувате пријателството со личност од спротивниот пол. 

Следниве 5 причини се само некои од многуте што покажуваат зошто не е лошо да имате барем еден машки пријател:

1. Ги чуваат вашите тајни

Верувале или не, но едно истражување открило дека жените, во просек, не можат да чуваат тајна подолго од 47 часа!

Мажите, од друга страна, забораваат што сте им кажале по само неколку минути, што ги прави совршени пријатели за чување тајни.

2. Можат да го глумат вашето момче

Жените сакаат внимание, но не од сите и не секогаш. Во ситуации кога не сакате некој да флертува со вас, вашиот најдобар пријател може да се преправа дека е ваш дечко на јавно место.

3. Не се натпреваруваат со вас

Не е тајна дека жените понекогаш се премногу љубоморни на своите пријателки и тешко ги поднесуваат нивните успеси. Се чини дека се во постојана конкуренција.

Со машките пријатели, овој проблем не постои. Ќе бидете најопуштени во друштво на вашиот најдобар пријател.

5 pricini zosto e dobro zenite da imaat barem eden maski prijatel 02

4. Ви даваат одлични совети за другите мажи

Машките пријатели секогаш ви посакуваат најдобро. Тие искрено ќе ви кажат што мислат за вашиот нов партнер и бидејќи имаат подобро разбирање на машката психологија од вас, ќе можат навреме да ве предупредат за потенцијалните проблеми.

5. Секогаш се подготвени за авантура

Бидете сигурни дека вашиот машки пријател ќе оди со вас каде и да посакате. Најверојатно и повеќето авантуристички предлози за вашето следно патување ќе потекнуваат токму од него.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...

Најчитани неделава