Мудра, внимателна, блескава – името Сања значи да се сонува

Името Сања има српско потекло изведено од глаголот „sanjati“ (да се сонува). Машкиот облик на името е Сањин. Постојат и неколку анализи дека името е изведенка од женското име Александра (машко Александар), но ова е малку веројатно.

Imeto-sanja-znaci-da-se-sonuva-01.jpg

Сања е секако прекрасно, женствено име кое беше особено популарно на просторите на поранешната Југословенска Република. Сања ќе ја запознаете во Србија и Хрватска, но и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и секако – Македонија.

Интересно е што името Сања нема да го најдете на списокот на 100-те најпопуларни женски имиња во последните 15 години во ниту една од наброените земји во регионот. Иако некогаш било особено популарно, се чини дека името Сања паднало во заборав.

Денес се во тренд кратки имиња, па Сања дефинитивно би требало да се врати во списокот на потенцијални опции за име на девојче. Има прекрасно значење, кусо име, лесно се изговара и станува збор за име кое „влече“ корени од Балканот.

Сања сепак е едно од најопеаните имиња во многу Ју-песни. Што се однесува до значењето, Сања симболизира сонување, нереалност, убава како сон.

На германски Сања означува мудрост, внимателност, а варијантата на арапски – Сани симболизира блескава, сјајна жена.

Дали вие имате некоја блескава Сања во животот?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Девојка од Кина во име на љубовта се преселила во Србија и снима хит видеа - се плаши од промаја, пи... Ичен Јовановиќ во име на љубовта се преселила на село во Србија и снима хит виде...

Најчитани неделава