Не им е страв само на децата - Зошто некои возрасни се плашат од темница?

Лежите во кревет, спремни да заспиете, кога одеднаш слушате звуци од ходникот. 

ne-im-e-strav-samo-na-decata-zoshto-nekoi-vozrasni-se-plashat-od-temnica-01.JPG

Ги отворате очите во страв, а во најдалечниот агол на собата нешто се движи, или барем така ви се чини. Ги затворате очите и повторно ги отворате за да проверите дали „тоа“ исчезнало. Кога конечно ќе се раздени, не можете да верувате дека нешто ве исплашило претходната ноќ. Додека повторно не дојде самрак.

И возрасните повеќе ја сакаат светлината

За некои, ова е само сеќавање од детството, но некои луѓе страдаат од страв од темница и во зрелоста. 40% од возрасните луѓе се плашат да станат ноќе, а 10% не одат ниту во тоалет додека не се раздени.

Ако имате над десет години, а темницата сè уште ве заплашува, не сте нерационални. Стравот од темнината и она што може да се крие во неа е еден од најраните човечки стравови.

Луѓето се генетски програмирани да ја поврзат темнината со опасност, затоа што нашите далечни предци биле жртви на предатори најмногу по самрак.

ne-im-e-strav-samo-na-decata-zoshto-nekoi-vozrasni-se-plashat-od-temnica-02.JPG

Наместо ноќен вид - страв

Иако луѓето еволуирале од инстинктивни до паметни суштества, не развиле многу добар ноќен вид. Темнината ја намалува нашата способност да се снаоѓаме во околината и без најважното сетило ја губиме контролата и стануваме ранливи.

За да се справиме со овој недостаток, измисливме факели, свеќи, ламби и електрично осветлување, но кога ќе се изгаснат светлата, повторно сме соочени со старата ранливост.

Свесни за својата ранливост, луѓето го развиле стравот како природен механизам за заштита од опасноста што демне во мракот. 

Страв од ноќните животни што претставуваат смртоносна закана влегол во генетскиот код на современиот човек. Оној кој имал генетска варијација што донела поголем страв од темнината, бил повнимателен. Бил повеќе буден во текот на ноќта, живеел подолго и поуспешно се репродуцирал, пренесувајќи го заштитниот ген на идните генерации.

ne-im-e-strav-samo-na-decata-zoshto-nekoi-vozrasni-se-plashat-od-temnica-03.JPG

Овој ген преживеал во генетскиот код, па дури и денес, луѓето чувствуваат страв од темница, од ноќта, иако живеат во многу побезбедна околина.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава